Северен Сентинел – мистериозен остров кој не сакате да го посетите

Островот Северен Сентинел се наоѓа помеѓу Анадмани и Никобари што претставуваат група од 572 острови во Бенгалскиот Залив помеѓу Мјанмар и Индонезија. Овие острови формално беа дел од Индија. Сепак, Индија прогласи неколку од овие острови, меѓу кои и островот Северен Сентинел, како затворени за странци, за да се зачува карактеристичната култура на островите.

2Островот Северен Сентинел е дом на племето Сентинел, кое со илјадници години го населува островот. Познато е по енергичниот отпор за каков било контакт со лица однадвор. Островот е потполно недопрен од модерната цивилизација, а жителите го убиваат секој странец што ќе се обиде да се приближи до нивната земја.

Се смета дека се директни потомци на првите луѓе кои излегле од Африка и кои веројатно живеат на Анданамските острови скоро 60.000 години. Веројатно ниеден друг народ не е толку изолиран како племето Сентинел. Се проценува дека бројот на лица во племето се движи помеѓу 50 и 400. Површината на островот е околу 72 км2, има бујна вегетација и е заштитено од бариера од корални гребени.

Фактот дека нивниот јазик е тешко разбирлив дури и за другите жители од Андаманските острови, укажува на тоа дека тие имале многу малку или никакви контакти со други луѓе со илјадници години. Својата егзистенција ја обезбедуваат преку лов, риболов и собирање на диви плодови и нема докази дека се занимаваат со некаква земјоделска активност.

1Обиди за контакт

Првата вистинска закана за домородците од Северен Сентинал се случила во 1858 г. кога Британците направиле казнена колонија во Порт Блер на блискиот Јужен Андамански остров. За да ги помират локалните племиња, тие би киднапирале член од некое непријателско племе, би го задржале кратко време, а потоа, со многу подароци би го пуштиле да се врати кај своите.

Во 1880 г. една група од силно наоружани лица предводени од 20-годишниот колонијален администратор Морис Видал Портман, влегле во Северен Сентинел и тоа се смета дека е првото истражување на островот од страна на надворешни лица. Сепак, и после неколку дена тие не успеале да стапат во контакт со никој од членовите од племето, бидејќи тие едноставно се изгубиле во џунглата кога странците се приближиле до копното. По некое време тие наишле на постар пар и четири мали деца кои не можеле да избегаат. Портман ги однел возрасните и децата во Порт Блер, но набрзо мажот и жената почнале да се разболуваат и починале, веројатно заради изложеноста на болестите од западната цивилизација на коишто воопшто не биле отпорни. Портман ги вратил децата назад и ги оставил на островот заедно со многу дарови за другите членови од племето. Децата веднаш исчезнале во џунглата и повеќе не биле видени.

4Од 1967 г. властите на Индија се обидуваат да воспостават мирољубиви контакти со островјаните, преку обид за археолошки истражувања. Во почетокот на 1970-тите една мала група која се обидела да отиде на островот била дочекана со стрели и била избркана. Во 1974 г. една филмска екипа заедно со неколку полициски службеници кои имале намера да снимаат документарен филм била дочекана со копја, а режисерот на документарецот завршил со 3-метарско копје во натколеницата.

Неколку групи поддржани од владата на Индија и под раководство на индискиот антрополог Т.Н. Пандит, направиле кратки посети на островот на почетокот на 1980-тите и почетокот на 1990-тите години. Пандит и неговите колеги им оставиле голем број дарови на жителите на островот, како кокос, ножеви крпи, бонбони, алуминиумски садови за готвење, огледала, гумени топки  пластични кофи (погледнете го видеото)

Неколку случајни контакти

Во 1896 година, еден Хинду затвореник избегал и на импровизиран сплав стигнал до Северен Сентинел. Потерата што била организирана по него го нашла неговото тело неколку дена подоцна на плажата, избодено со стрели и со пресечен врат.

На 2-ри август 1981г. товарниот брот „Примароз“ од Хонг Конг заринкал во подводен корален гребен во Бенгалскиот Залив. Екипажот останал заглавен неколку дена во обид да го извлече бродот, но кога ги виделе домородците опремени со лакови, стрели и копја како брзо се приближуваат до бродот, капетанот итно преку радио-врска побарал помош и тие биле евакуирани со помош на хеликоптер.

Последен забележен контакт со ова племе бил во 2006 година, кога стрелците од племето убиле двајца рибари кои илеглно рибареле во околината на островот. Стрелците подоцна со стрели го избркале хеликоптерот кој бил испратен да ги земе телата.

5Членовите од племето Сентинел дури го преживеале и најсмртоносното цунами во историјата што се случи во 2004 година, скоро без никакви жртви. Иако во цунамито загинаа 230.000 лица од околните земји, се чини дека ова племе успеало да го почувствува надоаѓањето на цунамито и да избега во повисоките делови пред неговото пристигање. После три дена, хеликоптер од морнарицата на Индија бил испратен на островот за да провери во каква состојба се жителите и на плажата исфрлил пакети со храна, но бил избркан со стерли и копја, што било јасен знак дека тие не сакаат никаква помош од странци.

6Денеска секој што има комјутер и пристап до интернет може преку „Google Earth“ да ѕирне во местата каде не им дозволен пристап на надворешни лица. Но, кога ќе погледнете над островот Северен Сентинел во Бенгалскиот Залив, може да ги видите само остатоците од „Примароуз“ заглавени во гребен. Не може да се видат нити жителите на островот, нити нивните живеалишта, нити нешто друго што би можело да покаже колку луѓе има на островот и како тие живеат. Густата џунгла која ја покрива секоја педа од островот, освен плажите, сокрива сѐ, па затоа дури и ако се погледнат од вселената, жителите на островот остануваат скриени од љубопитното око на странците.

https://www.youtube.com/watch?v=1WqqMpGxyFQ

Извор: NBC Facts

Поддржете ја нашата работа: