Шахот како моќна алатка за развивање на мозокот

Шахот е ценета игра и пријатен начин да се помине времето во многу делови од светот. Постојат натпреварувачки тврдења за неговото потекло од Индија, Кина и Персија, но општата согласност е дека играта е најмалку 1.300 години стара, а нејзината модерна верзија може да се проследни наназад до јужна Европа во петнаесетиот век.

Шахот е признаен како спорт од страна на Меѓународниот Олимписки Комитет и има кампања за да се вкучи во Олимписките игри во 2020 година во Токио, но одлуката се очекува дури во август.

Покрај тоа, шахот може да биде од голема корист за развивање на мозокот на децата. Неколку академци опширно го разгледувале ова прашање и откриле дека шахот се поврзува со подобрување на концентрацијата, подобро решавање на проблеми, подобро критичко, оргинално и креативно размислување, па дури и подобрување на математичките способности. Исто така, се смета дека помага со складирањето на мемориите и начинот на кој младите мозоци управуваат со информациите.

Експертите велат дека шахот не треба да се гледа само како игра за надарени деца. Дури и децата со посебни образовни потреби би можеле да ги подобрат своите способности за учење и интеракција со другите деца, доколку се вклучат во училишни шаховски програми или шаховски клубови.

Покрај тоа, шахот ги надминува сите социо-економски и културни разлики и им овозможува на сите да се натпреваруваат под еднакви услови, без оглед на возраста, полот, етничката или религиозната припадност.

Како и секој друг натпреварувачки спорт, потребно е време и посветеност за да се постигне успех до одредено ниво, но дури и рекреативното играње нуди здравствени придобивки и голем потенцијал за уживање.

Поддржете ја нашата работа: