Шимпанзата се способни за метакогниција

Истражувачите сметаат дека шимпанзата ја делат човечката способност за метакогницијата, која настанува кога поединците го следат она што го знаат и она што не го знаат, кога бараат информации или кога одговараат на некое прашање со или без самодоверба. Мерењата на самодовербата покажуваат како луѓето гледаат на сопственото знаење или незнаење, а сето тоа е надополнето со невербално однесување (гестови, двоумење и сл.). Ова значи дека и шимпанзата покажуваат знаци на доверба и несигурност, слично како луѓето.

Тимот на истражувачи спровел истражување при кое на шимпанзата им дале низа компјутерски тестови на нивната меморија. Потоа, по кратка пауза, компјутерската програма давала повратни информации за тоа дали одговорот е точен или неточен. Доколку бил точен, истражувачите им давале некоја храна како награда, но на подалечна локација. Така шимпанзата имале избор – да почекаат да видат дали одговорот е точен, и ако е, да побрзаат до местото каде што им ја давале наградата, или пак веднаш да се упатат натаму.

Резултатите покажале дека кога шимпанзата се двоумеле – чекале, но најчесто веднаш се упатувале кон наградата (без да го почекаат резултатот) бидејќи биле уверени дека одговорот е точен (и одговорот најчесто бил точен). Ова одразува една форма на когнитивна контрола која лежи во основата на интелигентното донесување на одлуки меѓу видовите. На пример, кога шимпанзата во својата животна средина природно реагираат самоуверено или се двоумат – во потрагата по храна или скокањето по гранките.

Истражувањето е објавено во „Cognition“.

Поддржете ја нашата работа: