Што ако целата светска популација живее во еден ист град?

Што би се случило доколку целата полулација во светот се смести во еден град? Колку простор би зафаќале тогаш? Ова е прашањето на кое „RealLifeLore“ дава одговор во видеото подолу.

Одговорот зависи од тоа во колку тесно сакате да ги сместите луѓето – дали само да стојат во една соба или да има простор и за градина и миленичиња. „RealLifeLore“ се огледува на примери на погусто населен град од реалниот свет за да ни даде некоја идеја за различните пермутации.

Да ја земеме предвид Сингапур, моментално најгусто населената земја во светот, каде што во просек 7.606 луѓе живеат на секој километар квадратен. Доколку можете да се справите со тоа ниво на интимност со вашиот сосед, можеме да ги сместиме сите 7.4 милијарди луѓе во град со големина колку на Тексас, Оклахома и Луизијана заедно собрани (нешто повеќе од еден милион километри квадратни вкупно).

Сепак, постојат и други области во светот кои се уште повеќе населени. Центарот на Менхетен брои 26.939 луѓе на секој километар квадратен во просек, па доколку го земеме овој шаблон, тогаш може сите да не собере во еден град со големина како на земјата Еквадор – тоа е 283.560 километри квадратни или речиси 5.000 „Менхетенци“.

city-02

За густината на населението во реалниот свет, ништо не може да се мери со сега урнатиот град Коулон во Хонг Конг (како што може да видите на сликата подолу). Пред да биде урнат во 1987-та година, Коулон беше дом на 33.000 луѓе на само 0.26 километри квадратни (околу три фудбалски игралишта).

Доколку сте подготвени да се справите со толкава турканица – помалку од еден квадратен метар за секого, без патишта и инфраструктура или повеќекатни згради – тогаш сите луѓе на планетата може да се соберат во град со големина на Палестина, околу 6.220 километри квадратни.

Да се замисли само еден град на целиот свет можеби изгледа бесмислено, но со реалната закана од климатските промени, во наредните години можеби и не би имале многу места погодни за живот преостанато на Земјата.

city-01_1024

Според ОН, може да има повеќе од 11 милијарди луѓе на планетава до крајот на овој век. Не само што тоа значи дека треба да се прошират границите на светот за да се излезе на крај со оваа бројка, туку исто така тоа и ќе направи дополнителен притисок на ресурсите на Земјата – а замислете го само дополнителното влијание на уште 4 милијарди луѓе.

Во едно истражување од 2010-тата година од страна на „PNAS“ истражувачите од Австралискиот национален универзитет тврдат дека евентуално половина од планетата би можела да стане непогодна за живот поради порастот на температурите во текот на следните неколку векови.

Друго истражување од мината година објавено во „Nature Climate Change“ предвидува неколку тешки топлотни бранови кои може да удрат на Арапскиот Залив и да ги направат градовите како што се Доха, Абу Даби и Бандар Абас непогодни за живот во следните сто години.

Доколку се разгледаат овие фактори, можеби треба да се навикнеме на повеќе луѓе во помали области во годините што доаѓаат.

Да се надеваме дека ќе го колонизираме Марс пред да мора да не собере во град со големина на Палестина – но доколку дојде до најлошото, сега знаете што да очекувате.

Поддржете ја нашата работа: