Што би се случило доколку астероид удри во нашиот океан?

Кога ќе помислиме на тоа како би изгледал еден удар од астероид на Земјата, сите ние замислуваме катастрофална смрт и уништување што би резултирало доколку некој камен од вселената би паднал во некој голем град или урбана средина.

Но, со оглед на тоа што 70 проценти од светот е покриен со вода, поголема е веројатноста некој астероид да удри некаде во океаните, па што би значело тоа за жителите на Земјата?

Според новите моделирања на научниците од Националната лабораторија во Лос Аламос, одговорот е комплициран.

Тимот изработил серија од „3D“ стимулации за да види какви шок бранови и дисперзија на вода би произлегле доколку еден астероид удри во отворено море и дали тоа ќе биде доволно за да предизвика цунами.

Додека иницијалниот удар на астероид може да предизвика бранови од неколку стотици па дури и километри во висина, освен доколку судирот е во близина на брегот, симулациите покажуваат дека предизвикување на катастрофално цунами е многу малку веројатно.

Тоа е бидејќи брановите кои се предизвикани од еднократни удари како што е астероидот, се релативно кратки во споредба со оние од повеќе распространети нарушувања како што е земјотресот. Разликата значи дека брановите кои би произлегле од удар на астероид не би се рашириле многу далеку.

Доколку на пример астероидот удри на 10 или 20 километри од населено крајбрежје, последиците ќе бидат катастрофални, според истражувачите, резултирајќи со големи поплави, шок бранови во воздухот, високи температури и многу силни ветрови слични на урагани.

Друг фактор кој се разгледува е доколку астероидот експлодира во воздух на многу помали делови пред да се судри, тогаш ефектот ќе биде изменет.

Тогаш ударите ќе бидат поумерени и распространети на поширок простор, па брановите кои ќе се создадат од овие помали судири ќе бидат мали во големина, со што цунамито би било уште помалку веројатно.

efa6c35196a9095e027c62ccb647b01d55266e4a

Сепак, дури и ако брановите проилезени од страна на голем астероид никогаш не дојдат блиску до нашиот брег, тоа не значи дека таков удар толку далеку во морето не е опасен.

При слетувањето во океаните тие може да предизвикаат водена пареа која може да дојде високо во атмосферата. Доколку оваа водена пареа стигне до стратосферата, може да се задржи со месеци или пак години.

Во една од стимулациите на тимот, 250 метрички мегатони на водена пареа се подигнале во атмосферата. Бидејќи водената пареа е стакленички гас, тоа би можело да доведе до затоплување на климата кое ќе трае со години по ударот.

Овие наоди беа презентирани оваа недела на состанокот на Американската геофизичка унија во Сан Франциско, но допрва треба да се објават.

Погледнете го видеото:

https://www.youtube.com/watch?v=-jdEinftjM0

Поддржете ја нашата работа: