Како резултат на популарноста и моќта на куршумот во лет, постојат многу филмови и емисии кои го демонстрираат движењето на крушумот испукан од пиштол во ултра бавно движење, за гледачите да можат да го следат неговиот пат од кога ќе ја напушти цевката до кога ќе удри во наменетата цел.
Оваа фасцинација од куршумите ги доведе луѓето да пукаат во се, од надувани балони и овошје до парчиња од дрво и панели од стакло, но, сепак, многу љубопитни умови се прашуваат нешто друго: Како би било да се испука куршум во вселената?
Испукувањето на куршум не е многу различно во вселената отколку на Земјата. Процесот на испукување во најмала рака е ист, меѓутоа, патот на куршумот е она што драстично се разликува.
Кога некој пука со пиштол на Земјата, го слушаме звукот кога куршумот ја напушта цевката на пиштолот, но, бидејќи нема звук во вселената (бидејќи звучните бранови не можат да патуваат во вакуум), не би го слушнале звукот од огненото оружје воопшто.
Потоа, уште еден поинтересен феномен, кога на Земјата би испукале куршум, добиваме повратна реакција. Ова се должи на третиот Њутнов закон за движењето: за секоја акција, има еднаква и спротивна реакција. Па затоа, кога ќе се испука куршумот, тој се движи нанапред и употребува сила од ист размер во спротивната насока од своето движење, односно наназад. Ова е причината зошто чувствуваме ненадејна и насилна сила која ни го турка рамото наназад, од која оние што не ја очекуваат, најчесто се повредуваат. Дури и под влијание на таквата сила, ние остануваме со нашите нозе на земјата благодарение на гравитационата сила. Но, бидејќи не постои гравитациона сила во вселената, би почнале да летаме во спротивна насока од движењето на куршумот.
Исто така, доколку куршумот се испука во совршено хоризонтално усогласување со орбитата на планетата, куршумот може да патува напред, да влезе во орбитралниот лак, да се врати назад и да го погоди стрелецот во задниот дел од неговото тело. Се чини прилично неверојатно, но доколку условите се совршени, оваа ситуација не е невозможна. Оваа навидум еден на милион шанса е возможна поради слабата гравитациона сила во орбитата на планетата, па затоа предметите може да бидат во постојано движење и на крај да го погодат стрелецот откако ќе направат едно кружно движење околу планетата.
На Земјата, може да се очекува еден куршум да патува неколку километри пред да падне на земја бидејќи гравитационата сила на Земјата влијае на него. Во вселената пак, се очекува куршумот да патува можеби засекогаш, бидејќи нема таква сила да го повлече надолу или да го успори. Вакуумот во вселената , исто така нема фрикција (триење) за да ја забави брзината или да го смени курсот на куршумот. Па, бидејќи универзумот се шири со голема брзина, куршумот ќе продолжи да патува бесконечно, освен доколку не удри во нешто што ќе го успори или запре.
Извор: „ScienceABC“.