Ова се наодите објавени во „Psychological Science“.
„Оваа студија покажува дека ние носиме различни видови на одлуки за животниот партнер во зависност од тоа дали го познаваме лицето пред да започнеме врска“, вели Ели Финкел, ко-автор на студијата и професор по психологија на колеџот Вајнберг. Ако врската започнува непосредно по запознавањето, физичката атрактивност се појавува како главен фактор во одредувањето на таквите одлуки. На крајот, завршуваме со некој еднакво атрактивен како нас.
Ако пак го познаваме лицето некое време пред врската, или пак прво сме биле пријатели, физичката атрактивност се чини дека е многу помалку важна, и има помала веројатност да бидеме слични на партнерот, во однос на изгледот.
Финкел, заедно со Луси Хант, професор на универзитетот Тексас во Остин, и Пол Иствик, доцент во Одделот за човечки развој и семејни науки, биле заинтересирани да разберат зошто поединци имаат тенденција да се поврзуваат со пријатели кои имаат слични физички, бихејвиорални и психолошки карактеристики. Всушност, зборуваме за феномен кој психолозите го нарекуваат „assortative mating“
Едно објаснување за овој модел во спарување доаѓа од гледна точка базирана на конкуренција. Успехот на поединецот на пазарот на парење е ограничен од страна на неговата или нејзината привлечност. Луѓето кои се физички привлечни се третираат како пожелни, па по логика на нештата имаат поголем успех кај останатите пожелни лица.
Истражувачите претпоставиле дека должината на запознавање помеѓу партнерите влијае на динамиката на оваа сексуална конкуренција. Претходно истражување покажа дека кога партнерите се запознаваат едни со други повеќе интимно и во различни контексти, се менува мислењето за привлечноста на другиот, со што објективната физичка атрактивност не е значаен фактор дали врската ќе опстане.
Анализирани се податоци од 167 двојки, 67 во врска и 100 во брак – кои биле учесници во една лонгитудинална студија на романтични врски. Времетраењето на врските е во распон од 3 месеци до 53 години, со просечна должина однос на осум години и осум месеци.
Двојките направиле видео записи во кои зборувале како се промениле во текот на врската. Независни, обучени кодери користиле рејтинг скали за одредување на физичката привлечност на секој од партнерите.
Резултатите покажаа дека кај повеќе од романтичните партнери кои се познавале пред врската, постојат разлики во привлечноста, како што претпоставиле истражувачите. На пример, спојување на непривлечна жена со привлечен маж е поверојатно да се случи доколку партнерите се познаваат долго.
Партнерите кои започнале врска еден месец од првата средба покажуваат висока корелација за физичка привлечност. Интересно, нивото на атрактивност не било поврзано со задоволството од односот кај мажите и жените. И „прво странци“ и „прво пријатели“ паровите биле еднакво задоволни години подоцна од почетокот на врската.
Истражувачите напоменуваат дек истражувањата од овој вид се среќаваат низ повеќе различни примероци и контексти, но овие наоди укажуваат на тоа дека должината на познанството може да влијае на перцепцијата на нашиот посакуван партнер.
Можеби убавината е делумно во окото на очевидецот, особено со текот на времето.