Што е мобинг на работното место ?

Последниве децении мобингот на работното место се препознава како глобален јавно здравствен проблем којшто значително влијае на здравствената состојба на работниците и нивната продуктивност.

Мобингот се дефинира како специфично однесување на работното место при кое една личност или група луѓе психички малтретира и понижува друга личност со цел да го загрози нејзиниот углед, чест, човечко достоинство и интегритет. Ваквото однесување често се повторува (барем еднаш неделно) во тек на подолг временски период (барем шест месеци). Типични активности со кои се спроведува мобингот на работното место се: социјална изолација на жртвата, вербална агресија кон неа, минимизирање на резултатите од нејзината работа и др.

Како резултат на мобингот кај жртвата, со тек на времето се јавуваат бројни психички и психосоматски нарушувања, може да дојде до напуштање на работното место, а во екстремни случаи и до самоубиство.

mob2

Во исто време, последици од мобингот се јавуваат и кај семејството на жртвата, компанијата во која што работи, како и општеството во целина.

Активностите насочени кон превенција, односно организационите превентивни стратегии, се многу поефикасни од корективните решенија на мобингот на работното место.

Повеќе за мобингот можете да дознаете од истражувањето направено од Македонскиот институт за медицина на трудот и авторите Јордан Минов, Сашо Столески , Драган Мијакоски, Јованка Караџинска-Бислимовска објавено во научното списание на Машинскиот факултет Скопје на стр.253.

Поддржете ја нашата работа: