Што е синестезија?

Поимот синестезија поттекнува од грчките зборови „sun“ (унија, заедница) и „esteris“ (осет, сензација). Синестезија е невролошка состојба во која ефектот од еден осет преминува во друг. Синестезијата функционира автоматски (без наша волја). Просторно и генетски е определена, сместена во десната хемисфера на мозокот, детектирана на хромозомот Х.

Синестетичарите имаат висока меморија и се оптоварени со афекти, кои за нив имаат различна боја. Во зависност од тоа како се чувствуваат, така го „бојат” светот. Синестезијата по правило е нелингвистичка. Поради тоа, синестетичаририте тешко ги изразуваат своите емоции, не се прифатени од средината која немала такво искуство, па најчесто се насочуваат кон уметноста (област која им дозволува да се изразат).

Мора да се напомене дека синестетичарите немаат никакви невролошки оштетувања.

Постојат два вида синестезија: Фонапсија – обоено слушање, односно одредена слика дава асоцијација на звук; и синапсија – звучна визуелизација, каде што одреден звук асоцира на слика или боја.

Секоја буква си има своја боја за синестетичарите. S – црвена, C – жолта, U – жолто-зелена, G – зелена, H – виолетова, Т- црна, I – бела итн.
Што се однесува до звуците, се дошло до заклучок дека високите тонови асоцираат на помалку заситени бои (како розевата), а ниските на позаситена (црвена).

Еден од начините да се идентификува синестетичар е строповскиот ефект (црвената боја преминува во маслинесто плава), и само синестетичарот може да погоди која е вистинската боја.

Негативната страна на синестезијата е пренатрупувањето со информации што доведува до потешкотии во читањето, аритметиката и  ориентацијата. Оваа состојба најчесто се пренесува од мајката, па жените имаат поголема моќ во справувањето со ефектите.

Славни синестетичари: Владимир Напаков, Дејвид Хокнеј, Фарел Вилијамс, Винсент Ван Гог, Били Џоел, Мерилин Монро, Ричард Фејман.

Поддржете ја нашата работа: