Што е тоа еротски капитализам?

Поимот еротски капитализам го вовела Катерина Хаким, британски социолог и експерт во областа за вработување на жени и женски проблеми. Поимот еротски капитализам се однесува на женскиот успех во областа професионален ред, љубовен и социјален живот и во глобала, сите аспекти од животот.

Catherine Hakim, social scientist and author of Honey Money: The Power of Erotic Capital Photograph: Philipp Ebeling

Нејзината книга Honey Money: The power of Erotic Capital предизвикала контраверзии заради идејата дека жената треба да ја искористи својата убавина и сексапил доколку сака да напредува, пред сè на професионално поле.

За да не и судиме книгата по нејзините корици, што е точно еротски капитализам и што се наоѓа во позадина на оваа идеја?

Еротски капитализам е комбинација од убавина, социјални вештини, добро чувство за мода и облекување, физички изглед, сексапил и сексуална компетентност. Авторката тврди дека жените имаат повеќе простор за тоа, бидејќи мажите повеќе од нив размислуваат за секс.

Во текстот насловен “Атрактивноста победува, а грдотијата губи во денешната трка за престиж”, објавен во списанието Evening Standard, Д-р. Хаким објаснува: “Денес, добиените финансии, поради атрактивност се еднакви на оние стекнати заради квалификации. Денес многу жени сметаат дека убавината е еднакво важна колку и образованието. Оние кои поседуваат еротски капитал се во голема предност. Му се смеат на светот и светот им возвраќа подеднакво.”

Пораката на авторот е жените да водат грижа за себе, за своето здравје и своето тело и тоа нека го покажат на целиот свет, наместо да ја потиснуваат својата женственост.

Во типичните пропорции на остриот дијалог, повторно Симпсонови обезбедуваат светлина на современите обичаи.

Лиза ѝ кажува на својата учителка дека изгледот воопшто не е битен. На тоа учителката одговара: “Глупост, тоа грдите мајки им го кажуваат на своите деца“. Суштината на книгата на Д-р. Хаким е всушност за тоа. Изгледот сам по себе е важен, но би требало да биде поважен.

Сите оние кои им тврдат на младите дека нивниот физички изглед е помалку важен од нешто друго се, ако не грди луѓе, тогаш со лош морал. Авторката смета дека таквите луѓе се безбожници, верски фундаменталисти и радикални феминистки.

Им порачува на сите жени, посебно на оние кои немаат други вредности дека потполно легитимен облик за сопствен напредок е извлекување на најдоброто од нив е еротскиот капитал.

Авторот е често погрешно сфатена и етикетирана како личност која се залага за сексапилот како единствена опција за современата жена да напредува во сите аспекти на својот живот,но, самата дефиниција на авторката го побива тоа.

Таа ја поддржува карактеризацијата на Шопенхауер “импресивен ефект” на младата женска убавина и сексапил и ни дава меѓукултурална статистика за да докаже дека сексапилот на жената не само што е поголем од сексапилот на мажот, туку е и потценет.

Според нејзините зборови, жената може да има значителен шарм, а машката желба за нив продолжува со несмалено темпо. Во обратен случај не е исто: мажите не им се привлечни на жените во таа мера.

Поимот “дефицит на машкиот пол” кој авторот го користи, се однесува на присутноста на женските сексуални слики. Тоа не е во интерес на големите партијарси кои не дозволуваат жените да го остварат својот еротски капитал, затоа што тоа би го променило балансот меѓу половите.

Факт е дека човечкото око ја сака еротската уметност. Факт е дека атрактивните луѓе побрзо добиваат шанса за работа, побрзо напредуваат и повеќе заработуваат. Дали ова е неправедно?

Д-р. Хаким го користи поимот капитал за да го објасни влијанието на добриот изглед, социјалните вештини и шармот на зголемениот економски капитал. Да се сетиме што ни говореа додека растевме – учи, учи, за да имаш добри оценки, за да можеме да избереме средно училиште, факултет. По завршениот факултет се прашуваме каква врска сега имаат оценките со нешто?

Работите и начинот на кој функционираме полека ни стануваат јасни. Иако за тоа полека стануваме свесни и пред завршувањето на факултетот, бидејќи сме биле сведоци како лесно поминуваат атрактивните личности. И сме почувствувале љубомора, завист. Некои лица се обесхрабруваат додека другите одлучуваат нешто да променат.

Затоа не треба да не чуди зошто атрактивните луѓе заработуваат повеќе. Такви лица ги водат компаниите, па е логично што компанијата е успешна.

Некој би рекол дека надворешниот изглед не треба да биде важен, важно е она што е внатре, но да се обидеме да ја замислиме првата средба со дерматолог кој е преполн со лузни и акни на лицето. Да замислиме прва средба со нутриционист со поприличен вишок на килограми. Што би помислиле? Можеби се работи за најголеми експерти, но човековата природа е таква што сака да почувствува сигурност и доверба во луѓето кои не држат во раце.

Атрактивна личност која зрачи, која е насмеана и има одредена доза на самодоверба, повеќе ќе допринесе во компанијата во која е вработена, посебно ако работи со клиенти.

Да се бориме против бенефициите на атрактивниот изглед? Потполно да ја занемариме женственоста? Да бидеме лицемерни кон луѓето со добар изглед? Да ги осудуваме истите? Останува на нас.

 

 

Поддржете ја нашата работа: