Што е тоа квантна механика? (ДЕЛ-3/4)

Има свои закони, а еден од нив е дека зака да биде на повеќе места истовремено…!

За да станат работите уште побизарни, субатомската честичка, како што е електронот или дури и целиот атом, може во исто време да биде на две места одеднаш! Таа можност, како и некои други, буквално ги уништуваат принципите на класичната механика. Кога ќе влеземе во овој микроскопски свет законите за кои мислиме дека се сѐ присутни – не важат. Не постојат. После тие сознанија морало да биде создадена квантната механика. Едноставно, друг избор немало.

Квантната механика е сѐ уште во процес на пишување закони и интензивно се проучува. Исто како што водата е влажна, а огнот жежок, квантните честички покажале дека се однесуваат на еден само за нив својствен начин. Неспоредлив со ништо друго што можеме да го видиме со голо око.

Експеримент со два отвора: Знае ли честичката дека ја гледаме?

Постои еден мошне интересен експеримент кој подобро ќе ни ги приближи чудните закони што владеат во доменот на квантната механика.

Да го замислиме следново – имаме топ кој испалува тениски топчиња кон еден ѕид и на него секое топче остава отпечаток кога ќе удри. Но, пред тој ѕид ставаме бариера со два отвора низ кои може да поминат топчињата.

Ова се местата на кои удриле топчињата:

Сега ќе го повториме експериментот, но наместо тениски топчиња, кон ѕидот, со посебен топ, ќе испалуваме електрони. Секако, потоа ќе отчитаме каде удриле…

Каде удриле електроните? Изгледа насекаде:

Но, како е тоа можно ако морале да поминат низ двата отвора? Зошто тогаш ги имаме насекаде по ѕидот и зошто во такви правилни групи?

Одговорот е даден – утврдено е дека електроните не патувале како честички со егзактна траекторија (како нашето тениско топче), туку како бранови:

Тие бранови минуваат низ двата отвора, меѓусебно се удираат и затоа на крајот имаме ударни точки на целиот ѕид.

Добро, ќе речете, тоа не е ништо толку сензационално, лесно е да се разбере дека брановите така дејствуваат. Но, бизарното штотуку следува…Пред тоа, да нагласиме дека е чудно што честичките воопшто патуваат како бранови, тоа би значело дека немаат точна локација (а очекуваме дека би требало!) – со други зборови, конкретен електрон, ако патува како бран, може да биде каде било во просторот, но како е можно тоа? Како да има недефинирана локација.

Тој феномен морало детално да се истражи, па заради тоа две посебни камери биле поставени на влезовите во предната бариера, за да може да се сними каде е точно минува испалениот електрон.

Но, тогаш се случило нешто навистина чудно…да видиме:

Како е ова можно? На сликата гледаме нешто навистина бизарно – електроните престанале да се однесуваат како бранови и поминале низ отворите на ист начин како и тениските топчиња. Како да станале „свесни“ дека ги гледаат и одлучиле да го сменат начинот на однесување.

Како ова го објаснува квантната механика?

Продолжува…

Поддржете ја нашата работа: