Што е тоа квантна механика? (ДЕЛ-4/4)

СПОДЕЛИ

Како што ни покажа експериментот, се наведува дека електронот се наоѓа на повеќе места одеднаш – значи, постои истовремено на повеќе места. Но, кога ќе се обидеме да го набљудуваме, ќе заземе само едно место, една фиксна локација, која секојпат може да биде различна.

За постоењето паралелни светови: Сѐ што може да се случи и се случува?

Не треба посебно да се истакне какви сѐ филозофски, не само физички, дискусии отвара ваквата појава, вклучувајќи ја и теоријата за повеќе светови. Во „едниот свет“ го читате овој текст,  додека во „другиот“ заклучувате дека квантната механика не ве интересира и немате време да ја проучувате. Во „третиот“ пак, можеби сте некој важен државник…и тн.

Секако, ова наликува на сценарио на некој научно фантастичен филм, но квантната механика не е филм – во „првиот свет“ ќе го видиме електронот на едно место, а во „другиот“ на друго. Докажано е дека тој веќе постои на повеќе места истовремено, а дури кога погледот ќе го впериме директно во него, гледаме само еден од тие многу светови.

Се согласувате ли сега дека квантната механика е повеќе од интересна? А, ова е само почеток, само мал вовед во огромното „волшепство“.

Да напоменеме само и дека квантната механика ни открива дека две честички може да бидат меѓусебно поврзани, односно дека можат меѓусебно да комуницираат со брзина поголема од онаа на светлината. Тука е и квантниот премин низ тунелите, односно можноста честичките да поминуваат низ бариерите низ кои, според логиката на класичната механика никако не би можело да поминат.

Тука би требало да се нагласи дека оваа поврзаност на честичките можеби е едно од најважните откритија на квантната механика. Врз основа на таа поврзаност може да се направат големи технолошки скокови во сите сегменти.

Почеток на нова ера: Од квантен компјутер до телепортација

Каква е иднината на квантната механика на нашиот живот? Потенцијално незамислива. Моментално се усовршуваат првите квантни компјутери. Како ќе работат тие? Доволно е да се потсетите на сѐ што научивме во овој текст – ќе се користат можностите честичките да бидат на повеќе места истовремено. А, што значи тоа? Тоа значи дека повеќе компјутерски процеси ќе може истовремено да се случуваат, што ќе ја зголеми моќта и брзината на компјутерот. Се сеќавате на Законот на Мур? Бројот на транзистори на интегрираната плоча секоја година се дуплира. Со други зборови, влегувањето во зоната на квантната механика е неминовен.

Во крајна линија, квантната механика може да биде почетокот на новата ера. Веќе се изведени и првите успешни експерименти со телепортација на честички, користејќи ги притоа претходно споменатите поврзани честички и брзината со која тие можат да ги разменуваат информациите. Работата е едноставна – целосната информација за составот на честичката Т (која што сакаме да ја телепортираме), ќе ја пренесат честичките А и Б.

По телепортирањето честичката Б ќе стане честичка Т (трансформациите се копирани во неа) и сега веќе нема потреба за оригиналот кој се уништува.

Што ни зборува ова? Ако има начин да телепортираме една честичка, тогаш е само прашање на време кога ќе бидеме во можност тоа да го направиме со повеќе честички истовремено. Сите ние сме составени од голем број такви честички, така што  ако се пронајде начин за префрлање на поголем број од тие честички од местото А на местото Б, ќе можеме да се телепортираме и самите.

Секако, тоа наликува на далечна иднина, но можеби и не е, квантните компјутери би можело да претставуваат еден голем квантен скок што ќе ги забрза сите процеси и значително ќе го скрати патот кон иднината.

Прашањето за телепортацијата не е само згоден начин за патување, какво што сме гледале во серијалот „Ѕвездени патеки“,  туку тој процес отвора и бројни филозофски прашања. Дали телепортираниот лик ќе биде таа иста личност? Дали уништувањето на оригиналот при процесот е истовремено и смрт на таа личност? Што ако оригиналот не е уништен, би можело ли идентични ликови да постојат во еден ист свет, како совршен back-up на самиот себе? Но, тоа се прашања за кои не мора да се грижиме – префрлувањето на човечките честички во потполност е толку комплексна операција што веројатно уште многу долго време нема да биде изводлив.

Почеток на патувањето според сфаќањето на квантната механика

За крај, треба уште еднаш да напоменеме дека ова е обид за едноставен пристап да се објасни квантната механика, а не научен труд. Секако, притоа се изоставени многу нешта бидејќи нашата примарна цел беше да се долови еден општ впечаток што е во суштина квантната механика и кои перспективи ги претставува. Во годините што следат очекуваме да се дознае уште многу повеќе за оваа гранка на физиката, особено за технолошките достигнувања засновани врз неа.

Извори:
The Logic-Defying Double-Slit Experiment Is Even Weirder Than You Thought(popularmechanics.com)
Physics in a minute: The double slit experiment (maths.org)

Quantum Mechanics for Beginners (abarim-publications.com)

If an Electron Can Be in Two Places at Once, Why Can’t You?(discovermagazine.com)

Five Practical Uses for “Spooky” Quantum Mechanics(smithsonianmag.com)

What Is Quantum Mechanics Good for? (scientificamerican.com)

Six Things Everyone Should Know About Quantum Physics (Forbes)

Brilliantly Simple Explanation of Quantum Entanglement(scienceandnonduality.com)

How Quantum Computers Work (howstuffworks.com)

The strange link between the human mind and quantum physics (BBC)

Quantum physics: What is really real? (nature.com)

Quantum Physics Overview (thoughtco.com)

The Trouble with Quantum Mechanics (nybooks.com)

Quantum Mechanics for Dummies (Youtube)

Quantum Physics I (ocw.mit.edu)

New Research May Reconcile General Relativity and Quantum Mechanics(futurism.com)

Has the age of quantum computing arrived? (The Guardian)

“Spooky” physics | Leo Kouwenhoven | TEDxDelft (Youtube)

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ
------- Донации -----------------------------------------------------------------------------BTC : 32CyCcnLh1wnLp5LqTm72BrWTsonxYtu7n --------------------------------------ETH: 0x5EB1a3010c339F794c2DA50Fd215Afc6B76334EA ----------------------------