Облакот во вид на печурка што се издига над површината на земјата е една од најпрепознатливите и најзастрашувачките слики воопшто. Иако нуклеарната закана во последните децении е намалена, во текот на 20-тиот век имаше времиња кога фасцинацијата и стравот од нуклеарните бомби направија луѓето низ целиот свет да прават чудни работи.
Нуклеарните сили (главно Русија и САД), вршеа нуклеарни тестирања под вода, на планините, во атмосферта.
Може само да замислуваме како би изгледале овие експлозии, но што би случило кога атомска бомба би експлодирала во вселената?
Во најдраматичните периоди од студена војна, Русија и САД вршеа многубројни тестирања, а поради стравот од нуклеарните проектили со голем дострел и сателитски системи за наведување на нуклеарните боеви глави, очите на целиот свет беа свртени кон небото.
САД спровеле серија нуклеарни тестирања на големи височини, насловени “Проект аквариум“ (Project Fishbowl). Најимпресивното тестирање од овој проект било на „Starfish Prime“. На 9-ти јули 1962 година, 1,4-мегатонска бомба била активирана приближно на 250 милји (400 км) над површината на Земјата. Резултатите и ефектите од оваа експлозија биле апсолутно неверојатни.
Како прво, бидејќи во вселената нема атмосфера, би го немало ни препознатливиот облак како печурка, нити ударните бранови (кои се причина за најголемите уништувања на Земјата). Наместо тоа би имало излив на интензивна топлина и интензивна радијација на гама и Х-зраци, без атмосфера која ќе им застане на патот. Визуелно, експолозијата би изгледала приближно како топка, а небото би било осветлено од ширењето на радијацијата и светлината.
На површината на Земјата би била забележана живописна аурора со големина од стотици километри и тоа во рок од само неколку минути после експлозијата, затоа што наелектризираните честички од експлозијата веднаш стапуваат во интеракција со земјиното магнетно поле.
Замислете аурелија бореалис или поларна светлина, како што е позната – само што се протега илјадници километри над Тихиот Океан.
Кои би биле другите ефекти од нуклеарна експлозија во вселената?
Можеби позагрижувачки од огромното количество на радијација што би се излеало врз атмосферата на Земјата е влијанието на детонцијата врз електромагнетните сигнали и тоа на големо подрачје под експлозијата. Во суштина, овие високо наелектризирани електрони кои се движат со голема брзина би создале мало, но извонредно моќно магнетно поле – кое уште се нарекува слектромагнетен импулс (ЕМИ).
Во случајот со „Starfish Prime“ бил предизвикан прекин на електричната енергија на територија од стотици километри на Хаваи, искршени улични ссветилки, прекин на радарските и навигационите системи и комплетно исклучување на електронските комуникации. Можеби овие ефекти ненамерно им биле предизвикани на жителите на Хаваи, но во исто време на научниците им ја покажале вистинската моќ на експлозијата на атомска бомба во вселената. Со тоа би можело целосно да се осакати инфраструктурата на една нација, без притоа воопшто физички да не ја оштети.
Ова било предивикано со 1,4-мегатонска бомба, а ако се земе предвид дека некои од најмоќните боеви глави што се направени претставуваат 50-мегатонски хидрогенски бомби, или 35 пати помоќни, тогаш може да замислите каква аурора би можела да се види доколку ваква бомба експлодира во вселената. Уништувањата пак на технологијата предизвикани од ЕМИ би биле доволно големи да „угаснат“ цела една држава.
Покрај тоа, тука се и долгорочните ефекти од нуклеарната детонација во вселената, со оглед на тоа дека радиоактивните материјали не одат никаде, туку остануваат во атмосферата. Всушност, тие се распрскуваат и се шират низ целата планета.
Нуклеарни тестирања на големи височини имало во мал број во периодот помеѓу 1950-тите и 1960-тите години, но бројот на нуклеарни детонации на Земјата во периодот помеѓу1945 и 1998 година изнесува над 2.000.
Јасно е дека без разлика дали се во вселената или на Земјата, нуклеарните детонации не носат ништо добро.