Доколку се обидете да убедите пушач да ги остави цигарите, покрај бројните непријатности на кои можете да му укажете, а кои оваа лоша навика ги предизвикува, добро е да употребите и еден научно потврден и убедлив аргумент.
Имено, во текот на согорувањето на цигарата, се ослободуваат никотин и компоненти кои формираат вкус на тутун, но тоа не е се. Можеби не сте знаеле, но најобичното согорување на една цигара ослободува дури 8000 различни супстанци, а многу од нив се опасни.
Се смета дека опасни токсини во димот од цигарите има околу 1%, но тоа е сосема доволно да го оштети здравјето на човекот. За некои од овие состојки, како што се бензо (а) пиренот, специфички нитрозамини и бензенот, во истражувања кои се повторени повеќе пати е потврдено дека се главна причина или потенцијално можат да допринесат за развој на рак на белите дробови или кардиоваскуларни болести. Во споредба со овие супстанци, никотинот е сосема безопасен.
Сите овие додатни супстанци настануваат при горење и всушност се причина зошто пушењето денес се смета за еден од наопасните предизвикувачи на смрт, а кој може да се избегне. Но, за жал, и покрај толку кампањи против пушење, бројот на пушачи не се намалува.
Анализата на СЗО од 2015 година изнесува претпоставка дека до 2025 година може да има повеќе од милијарда пушачи на светот.
Во тутунот, кој од многу одамна бил и социјална алатка, но и личен ритуал, луѓето уживаат веќе 7000 години. На разни страни на светот ритуано ги гореле лисјата од тутунот, како и опиум и канабис и го вдишувале заводливиот дим.
Согорувањето на тутунот на начинот на кој ние го познаваме е релативно нова навика. Цигарите, како листови од тутун, замотани во хартија, станале популарни од средината на 19ти век, за да во текот на 20 век станат глобално присутни.
Што се случува додека гори цигарата? Температурата на нејзиниот вжарен врв достигнува до 900 степени Целзиусови, чиј процес овозможува да се ослободи никотинот, но предизвикува и други хемиски реакции кои ги ослободуваат и споменатите 8000 различни супстанци.
Меѓу состојките се наоѓаат арсен, јаглерод-моноксид, бензен, тешки метали, нитрозамини и цијановодородни киселини. Се создава и бензопирен, кој е присутен и во димот на шумските пожари или масти од храна која гори при пржење.
Бидејќи бројот на пушачите не се намалува, се развиваат нови технолошки решенија со кои човештвото се обидува да го елиминира ризикот од пушењето. Еден од начините се електронските цигари.
Имајќи ги во предвид проценките за бројот на пушачи во иднина, јасно е дека тутунот уште долго ќе остане тема за критика, анализа, па и иновација.