Студии спроведени на возрасни сугерираат дека луѓето може да се сетат само на настани од околу 6 и пол години (Велс, Морисон, и Конвеј, 2014). Финално, истражувачите се согласуваат дека само неколку искуства пред 6 годишна возраст стануваат доживотни спомени.
Што нашите најрани сеќавања ни кажуваат за нас и нашето детство? И дали повеќето луѓе се сеќаваат на слични искуства од раното детство?
Раните спомени варираат во голема мера во содржината: Игра, повреди и транзиции (како што се преселба или промена на училиште) се настани кои остануваат запаметени во зрелоста (Петерсон, Морис, Бејкер-Вард и Флин, 2013). Какви видови на настани ќе истрајат во возрасната меморија може да се одраз на одредени карактеристики на детството и ја претставуваат суштината на она што е важно за нас. На пример, канадските деца се со поголема веројатност да се сетат на раните искуства на осамени игри и индивидуално-ориентирани транзиции, додека кинеските деца се со поголема веројатност да се потсетат на семејните и училишните интеракции (Петерсон, Ванг и Hоу, 2009).
Се’ уште не е јасно зошто одредени искуства се паметат за цел живот, додека повеќето ги забораваме. Најраните спомени често се емоционални настани. Иако многу од нив се негативни, исто така и среќните искуства оставаат трага, како што е особено пријатен одмор или време поминато со пријателите (Хауз, Сигел, и Браун, 1993).
Истражувањата сугерираат дека, заедно со емотивноста, кохерентноста придонесува за долгорочноста на меморијата. Степенот до кој искуството е доживеано како значајно влијае на веројатноста да бидат вклучени во постојаниот репертоар на настаните од нашиот живот. На пример, една млада жена вели: „Живо се сеќавам на искуство од предучилишна возраст на 3 или 4 години: Еден човек во бизнис костим дојде во класот. Додека зборуваше, пополека ја менуваше својата облека, за да на крајот биле облечен како индијански поглавар. Поентата на неговата порака беше јасна- тој е истиот човек во било која облека“. Како возрасна, жената објаснува дека ова импресивно сеќавање од детството го поттикнало нејзиното почитување на различноста и ја инспирирало да гради кариера како активист за човекови права.
Севкупноста на нашите сеќавања ја отсликуваат суштината на она што сме биле и она што ќе бидеме. Искуствата не се само потсетник на она што се случило, тие се суровина што се користи во обликувањето на нашиот идентитет и себе. Нашето денешно „Јас“ може да размислува за настаните кои нè обликувале, да ги преиспита и да одбере како ќе одговори. Ние не сме затвореници на нашето минато, можеме да ја задржиме контролата врз тоа кои аспекти од минатото ќе ги вклучиме во себе обликувањето.