Кога се работи за ракот, стадиумите во кои се одвива оваа болест имаат големо значење, но многумина од нас не се сигурни што претставуваат поединечните фази и зошто се тие важни.
Ракот е прогресивна болест, а како што објаснува „Cancer.gov“, стадиумите им помагаат на докторите подобро да одредат колку се проширила болеста во телото, а со тоа да ја одберат и најдобрата опција за третман со која ракот ќе се елиминира.
Според „Cancer Research UK“ одредувањето на стадиумите на ракот се користи и да се одреди „степенот“ на ракот, или колку се тие блиски до нормалните клетки. На пример, во степен I, клетките од ракот изгледаат многу слично со нормалните клетки и не растат брзо, додека степен III, означува дека клетките изгледаат абнормално и можат да растат и да се шират многу агресивно.
Подолу е претставен едноставен водич за тоа што означуваат стадиумите на ракот, а податоците се земени од „Cancer.gov“ и „Cancer Research UK“.
Стадиум 0
Овој стадум обично означува дека ракот се наоѓа само во рамките на органот во кој прво се јавил. Нема докази дека почнал да се шири во други делови од телото, а како третман се применува хируршко отстранување на туморот.
Стадиум I
И во оваа фаза ракот е мал и сѐ уште се нема проширено во други органи. Ако е проширен, тоа е обично „локализирано“ само во околното ткиво, но не ги зафатил локалните лимфни јазли или други делови од телото.
Стадиум II
Според „Cancer Research UK“, оваа класификација обично означува дека ракот сѐ уште не почнал да се шири во околното ткиво, но е многу поголем отколку во стадиум I. Понекогаш, овој стадиум означува дека клеткитете од ракот се прошириле во лимфните јазли во близина на туморот, во зависност од тоа за каков вид на рак.
Стадиум III
Во третиот стадиум, ракот е обично поголем и може да почнал да се шири во околните ткива, а клетки од ракот се наоѓаат и во околните лимфни јазли.
Стадиум IV
Овој стадиум означува дека ракот се проширил од местото каде што настанал, во други органи од телото и уште се нарекува секундарен, односно метастатски карциом.