Што прави човештото за откривање на нови светови?

По само две декади откако беше откриена првата егзопланета која орбитира околу ѕвезда слична на Сонцето, (51 Pegasi b), откриени се повеќе од 1.500 други егзопланети. Бројката забрзано расте како резултат на новата технологија и подобрените техники на набљудување.

НАСА објави дека две третини од егзопланетите, односно повеќе од 1.000, се откриени од страна на вселенскиот телескоп „Kepler“. Се смета дека три од новооткриените се наоѓаат во зоната погодна за живот и се само малку поголеми од Земјата. Покрај тоа, уште 4.175 егзопланети чекаат дополнителни опсервации за да бидат потврдени.

Во мај, 2013 година, по откажувањето на две од четирите тркала, односно мотори на „Kepler“, кои му овозможувале на телескопот да се врти од една во друга насока, првата фаза од програмата за набљудување завршила, бидејќи „Kepler“ повеќе не бил во состојба да се насочи кон еден дел од вселената.

Тогаш, телескопот го започнал својот „втор живот“, односно, со преостанатите две тркала, бил пренасочен кон нашиот Сончев систем и како резултат на тоа сега ја извршува мисијата „К2“, која би придонела за нови откритија и истовремено би им помогнала на астронаутите да разберат како ѕвездите се формираат и развиват.

Па, покрај „Kepler“, кои други алатки ги поседуваме за да пронајдеме уште повеќе егзопланети и да бараме живот во Универзумот?

Опсерваторија „Minerva“

„Minerva“ е низа од четири роботски телескопи опремени за фотометрија и спектроскопија. Направена е со цел да открие планети слични на Земјата кои орбитираат околу ѕвездите во близина

Опсерваторија „Gaia“

Уште од декември, 2013 година, започна со својата 5 годишна мисија прецизно да ги мери локациите, оддалеченоста и движењата на најблиските (1 милијарда) ѕвезди. Покрај создавањето на 3Д мапа на 1% од ѕвездите во нашата галаксија, „Gaia“ лесно би можела да открие нови светови погодни за живот во нашето соседство.

Телескопот „TESS“ (август 2017 година)

Наследник на „Kepler“, која за разлика од него, ќе се фокусира на најблиските најсветли ѕвезди за да пронајде нови егзопланети користејќи го транзитниот метод.

Целта на „TESS“ е да најде планети слични на Земјата кои се наоѓаат во зоната погодна за живеење, за наредната генерација на телескопи (како што се телескопот „James Webb“, и џиновските телескопи кои се’ уште се градат) да ги окарактеризираат и да ги пребараат за потенцијални знаци за живот.

Телескопот „James Webb“ (2018 година)

Често означуван како наследник на успешните телескопи „Hubble“ и „Spitzer“. Поради проблеми, неговото лансирање е одложено за 2018 година.

Џиновскиот телескоп „Magelan“ (2020 година)

Овој телескоп ќе биде лоциран во Чиле, во опсерваторијата „Las Campanas“. Ќе има огледало повеќе од 25 метри во дијаметар, со површина која собира светлина поголема од кој било оптички телескоп досега, со што би придонел во потрата по планети слични на нашата. Телескопот би можел да ја „надушка“ атмосфера на планетите, со што научниците би знаеле дали содржи кислород или метан и би им ја олеснило потрагата по живот.

Дали има некој (или нешто) таму далеку?

Постојано, луѓето дебатираат на темата дали постои друг живот во Универзумот. Постојат разни теории за тоа дека науката не може да го објасни потеклото на животот и дека најверојатно не може да се развие живот на друго место, како и теории дека постои друг живот низ Универзумот. Некои дури и сметаат дека животот може да се пренесе од една планета на друга, доколку соодветно се прилагоди. Како и да е, засега знаеме само за една планета со живот. Доколку постои живот на друго место, кога – тогаш ќе го најдеме. Дури и ако не се случи тоа, барем ќе дознаеме како планетите се раѓаат и умираат и ако ништо друго – ќе се потсетиме на тоа колку ни е скапоцена нашата „бледа сина точка“.

Поддржете ја нашата работа: