Што претставува хипотермијата и кои се нејзините симптоми?

Во текот на зимата надвор може да биде многу ладно. Но, само доколку се тресете или не може да ги почувствувате вашите прсти не значи дека имате хипотермија.

Хипотермијата се случува кога телото губи повеќе топлина отколку што може да произведува, па неговата основна температура започнува да се намалува. Симптомите како што се конфузија или поспаност, бавен и нејасен говор, плитко дишење, слаб пулс, вкочанетост на рацете и нозете, слаба моторна функција и бавни реакции, се показатели за хипотермија.

„Scientific American“ ги споредува знаците со тие кои еден човек ги покажува кога е зашеметен од што е пијан, и на тоа го додава нискиот крвен притисок и ниската температура на телото под 35 степени Целзиусови .

Центарот за контрола и превенција на болести ги предупредува луѓето дека можеби не знаат дека имаат хипотермија. Тоа може да биде делумно поради тоа што не мора да бидете изложени на температури под нулата за да се развие оваа состојба.

Може да се случи и на температури повисоки од 40 степени, на пример, доколку едно лице се олади од дожд, пот или потопување во ладна вода. Покрај планинарите и бездомниците, најчестите жртви ги вклучуваат и старите лица без соодветно греење, бебињата кои спијат во ладна соба и луѓето кои конзумираат алкохол или дрога. Некои лекови може да се мешаат во способноста на телото да ја регулира температурата, како што се антидепресивите, седативите и наркотиците.

Хипотермијата исто така, е една од ретките ситуации кога дебелината е придобивка, бидејќи мастите служат како изолација, држејќи ја топлината во телото подолго при изложување на ниски температури.

234576b800000578-2838901-bitter_cold_commuters_across_the_country_had_to_bundle_up_agains-24_1416335714961

Па што треба да направите доколку се сомневате дека вие или некој што го знаете има хипотермија? Најверојатно ништо, доколку вашата основна телесна температура останува над 35 степени, велат од „Scientific American“. Нашето тело ќе се загрее самостојно и обично не ни треба третман.

За луѓето со температура од 32 до 35 степени, носењето во засолниште и покривање со ќебе ќе помогне за затоплување. Докторите исто така може да применат течности и цевка за дишење, или може да стават топла солена вода во стомакот и мочниот меур преку устата и уретрата.

При пониски температури на телото, жртвата може да доживее срцев удар, но и тогаш не е се готово. Дури и кога се чини дека некој починал, се’ уште е важно да се загрее, бидејќи со хипотермија од таков степен срцето може да се забави до точка која и докторите не можат да ја забележат. Така, тие може да направат грешка и да претпоставуваат дека е мртов, некој кој всушност е жив. Докторите би се обиделе со вештачко дишење и други мерки за спасување.

Една од причините зошто многу од докторите не се откажуваат од пациент со хипотермија кога тој се чини мртов е затоа што може да покаже знаци на живот кога ќе се загрее.

Постојат случаи кога замрзнати лица биле прогласени за мртви, но се’ уште биле живи, како жената од Масачусетс која се обидела да се самоубие и се предозирала во када полна со вода пред да биде лажно прогласена за мртва. Од „San Francisco Chronicle“ велат дека таа подоцна била спасена од вработен во погребалното кој слушнал дишење од торбата со нејзиното тело, помагајќи да се избегне да биде жива закопана.

Поддржете ја нашата работа: