Што се има на крајот од Нашиот сончев систем ?

Сондата, лансирана од Американската вселенска агенција NASA во 2006 година, во летото 2015 година стана позната поради првите квалитетни снимки од Плутон, по што се упати кон Кујперовиот појас, составен од џуџести планети, вселенски камења и ледени остатоци од формирањето на Сончевиот систем пред 4,6 милијарди години.

Сондата „Нови Хоризонти“ (New Horizonsна НАСА) би требало да се наоѓа на најоддалечената точка од Сончевиот систем до која некогаш стигнал уред од Земјата.

Научниците бурно го прославија контактот со леталото кое испрати фотографии од вселенскиот камен наречен Ултима Тул, кој се наоѓа на 6,4 милијарди километри оддалеченост од Земјата, на надворешниот раб од нашиот Сончев систем.

Првите слики од крајот на надворешниот раб од нашиот Сончев систем како и од  вселенскиот камен Ултима Тул ги очекуваме веќе оваа недела, меѓутоа приемот на комплетниот пакет со податоци се пчекува да трае цели 20 месеци
Ова е успех не само на НАСА него и на целото човештво , ние сами изработивме летало и го опремивме со опрема да и после толку години патување сеуште ни испраќа податоци од крајот на сончевиот систем, само малку давајќи одговор на прашањето што се има на крајот од Нашиот сончев систем ?
Поддржете ја нашата работа: