Што се случува кога конзумираме премногу алкохол?

Повеќето од нас уживаат во алкохолните пијалоци, но што се случува кога ќе ја преминеме границата и ќе почнеме да пиеме повеќе од препорачаното? Во видеото подолу, „SciShow“ ни објаснува колку сериозни можат да бидат последиците од преголемото конзумирање на алкохол.

Етанолот, главната состојка во алкохолните пијалоци, всушност е отров. За среќа, нашето тело е добро опремено кога станува збор за филтрирањето на етанолот кој го конзумираме преку пивото, виното и другите алкохолни пијалоци.

Кога пиеме алкохол, нашиот црн дроб ја филтирира оваа хемикалија надвор од крвта и помага при нејзиното разложување за на крајот да може да ја исфрлиме преку секрецијата. Но, кога пиеме премногу алкохол, црниот дроб не може доволно брзо да го филтрира зголеменото количество на етанол, па дел од него се враќа во крвта. Од тука достигнува до мозокот каде што се меша во врските на мозочните клетки и предизвикува да делуваме пијани.

imageПиењето премногу алкохол може да предизвика да се исклучат одредени делови од мозокот – состојба што е позната како труење со алкохол. Тие делови од мозокот се исто така одговорни за повеќето животни потреби, меѓу кои и дишењето, така што ако се случи ова може да биде и смртоносно.

Покрај тоа, постојат и многу долгорочни ефекти на прекумерното конзумирање на алкохол. Така на пример алкохолот може да предизвика цироза на црниот дроб – сериозна состојба кога црниот дроб повеќе не може нормално да функционира. Некои научници сметаат и дека долгорочната злоупотреба на алкохолот може да доведе до воспаленија, абнормално ниво на хормони, па дури и да го зголеми ризикот за одредени видови на рак.

Поддржете ја нашата работа: