Што се случува со нашиот мозок при решавање на комплицирани задачи?

Човечкиот мозок е прилично доста комплициран орган кој продолжува да не изненадува. Научниците откриле нешто повеќе за ограничувањата на човечкиот мозок и зошто понекогаш ги игнорираме работите околу нас, кога сме сконцентрирани на одредена задача.

Во последните неколку години, истражувачите од Универзитетскиот колеџ во Лондон, развиле нов начин на скенирање на мозокот. Оваа метода е искористена со цел да покаже дека кога мозокот се вклучува во текот на извржувањето на комплицирани задачи, неговите клетки во основа работат со полн капацитет, па затоа почнуваме да ги игнорираме случувањата околу нас.

Новата техника за скенирање на мозокот, наречена функционална блиска инфрацрвена спектроскопија (fNIRS), ја мери активноста на одредени ензими во митохондријалните неврони. Митохондриите се клеточни органели, така што со мерење на ензимите, тимот може да го следи нивото на нивните активности.

Користејќи се со овој метод, истражувачите ги следеле промените на активноста во мозокот за време на еден тест за внимание. Од учесниците е побарано да обработат визуелен тест кој подразбирал набљудување на одредени бои и облици, а во некој момент од страна на екранот се појавувал квадратест шаблон.

Во полесните задачи, појавувањето на шаблонот имал дејство. Ќелиите од мозокот, поврзани со периферен вид станале поактивни. Меѓутоа, во потешките задачи, воочено е многу помало значајно дејство.

Ова не е прва студија која покажува дека фокусирањето на повеќе работи е многу тешко за повеќето луѓе, како и дека извршувањето на повеќе задачи истовремено може да има негативно влијание врз ефектот. Колку една задача е лесна или тешка, е зависно од концентрацијата.

Поддржете ја нашата работа: