Многу е лесно да се откажеме од вежбањето, но прекинувањето на активниот начин на живот може да биде штетно за вашето тело. Истражувањата покажуваат дека ненадеен пресврт од активно вежбање на седентарен начин на живот може да резултира со многу негативни промени, почнувајќи од зголемен ризик за срцев удар, па се´ до зголемување на телесната тежина.
Истражувачите во 2014 година откриле дека престанувањето на редовно вежбање може да предизвика зголемен крвен притисок. Едно истражување објавено во „PLOS One“ открива дека овие промени се случуваат по само 2 недели но, сепак, овие откритија не значат дека прекинот на вежбање ви гарантира висок крвен притисок.
Друго истражување од 2010-тата година покажа дека спортистите кои престанале да вежбаат 5 недели покажале значително намалување на силата. Доста време на одмор, особено кај оние кои редовно практикуваат тренирање може да доведе до губење на силата и мускулната маса.
Намалената сила, исто така, може да доведе и до зголемување на мастите во телото.
Едно истражување од 2012 година откри дека пливачите кои направите пауза од нивното тренирање, искусиле 12 процентно зголемување на нивото на масти во телото по само 5 недели. Во тоа време, и нивната телесна тежина и обемот на половината исто така се зголемиле.
Исто така, едно истражување од оваа година ги потврдило последиците на организмот како реакција на намаленото вежбање. Истражувачите откриле дека таеквондо спортистите кои правеле пауза од 8 недели исто така искусиле зголемување на нивото на масти во телото и намалување на мускулната маса.
Па доколку размислувате за откажување од вежбањето, помислете на потенцијалните долгорочни влијанија врз здравјето.
Физичката неактивност се смета како избор за животен стил кој го зголемува ризикот за слабо кардиоваскуларно здравје, како што објавуваат од „Medical Daily“ и носи потенцијален ризик за срцеви заболувања кај жените над 30 годишна возраст дури и повеќе од пушењето цигари и дебелината.