Што вели науката за децата единци?

Не помага и тоа што секој има мислење за вашиот избор и дополнително ве тормози со дебати. Да погледнеме што вели науката за децата единци.

1. Тие се посреќни. Многу деца ги сакаат нивните браќа и сестри, но не сите! Всушност, научниците од Институтот за социјални и економски истражувања откриле дека ривалството ги прави децата несреќни! Во нивната студија, повеќе од половина од децата со браќа и сестри пријавиле дека биле жртви на малтретирање од нивниот брат или сестра! Единците се покажале посреќни и со попријатни домашни услови.

2. Тие имаат социјални тешкотии во градинка. Всушност, општо имаат социјални потешкотии! Истражувачите од Охајо  анализирале како децата во градинка склопуваат пријателства и откриле дека оние без браќа и сестри биле постојано оценети со „посиромашни” социјални вештини отколку нивните врсници.

3. Тие се со поголема веројатност да се разведат. Растејќи без браќа и сестри може да ви даде повеќе време да учите за бракот  на вашите родители, но тоа не значи дека ќе бидете подобри. Повторно, истражувачите од Охајо откриле дека имањето браќа и сестри го намалува ризикот од развод. Всушност, секој дополнителен брат/сестра (до седум) ја намалува веројатноста за развод за 2%.

4. Тие можат да бидат криминалци. Кога истражувачите во Финска ги анализирале кривичните шеми, откриле дека ризикот за насилен криминал подоцна во животот бил издигнат меѓу децата единци, особено машките! Не се покажани разлики во ненасилните прекршоци.

5. Тие добиваат повисоки оценки. Според една студија објавена во „Аmerican Sociological Review“, браќата и сестрите, негативно влијаат на академскиот успех. Всушност, колку повеќе браќа и сестри дете има детето, толку е потешко. Истражувачите велат дека со зголемување на семејството, родителите се помалку зборуваат за училиштето, имаат пониски образовни очекувања, штедат помалку за колеџ и имаат помалку едукативни материјали кои се достапни.

6.Воопшто не се осамени. Иако #2  звучи вознемирувачки, ситуацијата не е непоправлива. Од петто одделение па понатаму, истражувачите сметаат дека социјалните вештини на единците се одлично развиени и на еднакво ниво со врсниците, кога станува збор за склопување пријателства.

7. Тие се депресивни адолесценти. Секако, не сите, но истражувања покажаа дека имањето сестра ја намалува веројатноста да се чувствувате осамени, несакани, виновни, самокритични и исплашени.

8. Тие се обично пофини од нивните врсници. Ова е спротивно од стереотипот дека единците се разгалени и неподносливи. Социјалниот психолог Сузан Њуман, експерт за децата единци, вели дека недостатокот на браќа и сестри ја зголемува желбата кај децата единци да бидат вклучени и прифатени од другите.

Поддржете ја нашата работа: