Што всушност содржи готварската сол и што внесуваме во нашиот организам?

Морињата денес не се повеќе чисти како некогаш, а главни загадувачи се луѓето.

Доколку истите се премногу загадени со пластика до таму да и морските организми се полни со ситни пластични честички, тогаш е логично да се претпостави дека пластичните микроскопски честички се наоѓаат во кујнската сол која се добива од морето. Токму тоа го покажува новата студија спроведена на примероци од 17 производители од целиот свет.

Само еден примерок не бил загаден со пластика. Кај 16 примероци, тимот на истражувачи од Малезија и Англија пронашол честички од 149 микрометри, односно поголеми од 0,15 милиметри, и тоа во количина помеѓу 1 и 10 честички по килограм. Еден примерок од Франција бил чист. По состав пронајдените честички, во 41,6 отсто од случаевите биле пластични полимери, во 23,6 отсто пигменти, во 5,5 отсто аморфен јаглерод, а во 29,1 отсто од случаевите не можело точно да се одреди за што станува збор.

Што се однесува на влијанието врз здравјето, се смета дека внесот до 37 такви честички годишно, нема значително влијание врз здравјето. Овој податок би требало да е некоја утеха да не е непознато колкава е количината на внесот низ храната на честички поситни од 149 микрометри. Средна димензија на пронајдените честички била околу пола милиметар.

Доколку сегашното ниво на загадување со пластика на морињата не претставуваат закана за човечкото здравје, останува отворена закана за морските организми, синџирот на исхрана на копното, за подоцна да стане закана за човекот. Во денешно време, секоја година во океаните завршува 10 милиони тони пластика.

Микробиолозите и екологистите прогнозираат дека до 2050та година во водите ќе се наоѓа поголема маса на пластика отколку риба, а луѓето секако и денес ја внесуваат пластиката во организмот преку внес на храна од морето.

Поддржете ја нашата работа: