Во едно истражување научниците успеале да откријат од кој дел од мозокот потекнуваат соништата. Синдромот „Charcot-Wilbrand“ претставува ретка состојба каде пациентот ја губи способноста да сонува. Иако, синдромот често е придружен со многу потешки симптоми, кај една пациентка се јавил само овој симптом.
Се покажало дека пациентката имала оштетувања во регион од мозокотодговорен за визуелните процеси, емоциите и визуелната меморија, како последица на мозочен удар. Благодарение на овој единствен симптом кај пациентката, истражувачите заклучиле дека овој регион во мозокот мора да е вклучен или во создавањето, или во трансформацијата на соништата.
Модерната технологија им овозможила на научниците исто така да ги откријат механизмите кои овозможуваат да се сеќаваме на соништата. Во едно истражување, спроведено во 2011 година, италијански научници извршиле мерење на електричните мозочни бранови кај луѓе што спиеле и заклучиле дека причината зошто луѓето ги паметат соништата подобро кога ќе се разбудат во РЕМ –фазата, е бидејќи во тој период се јавуваат повеќе ниско-фреквентни тета бранови во фронталниот дел од мозокот.
Овие мозочни активности се идентични со тие како кога се сеќаваме на нешто додека сме будни, што значи неврофизиолошките механизми за помнење на соништата и случките од реалниот живост, во суштина се исти.
Што кажуваат соновите за вас?
Соновниците често пати се обидуваат да дадат толкување на настаните што сме ги виделе во сон, но реално овие описи се релативни и многу малку или воопшто не се базирани на наука. Тоа сепак не значи дека соновите немаат значење.
На соновите се гледа како корисен индикатор за тоа што размислува личноста. На пример, една неодамнешна анкета спроведена од „DreamsCloud“, покажува дека лицата со повисоко ниво на образование почесто имаат сонови поврзани со работата, како унапредување на работното место, отколку лицата со пониско образование.
Видот на сонот може, исто така да биде показател за каква личност се работи. Според истражувањето на Централниот институт за ментално здравје во Германија, лицата што изјавиле дека сонуваат дека вршат убиство, имаат тенденција да бидат поинтровертни, како и поагресивни во реалниот живот. Иако за ова истражување имало одредени критики, сепак укажува на деликатната врска помеѓу човековата психа и соништата.Оваа врска може да се покаже и кај менталните болести. Според едно истражување, лицата со различни ментални состојби, различно им ги опишуваат своите соништа на другите. На пример, шизофреничарите ги опишуваат своите соништа со многу малку зборови, додека пациентите со биполарно растројство имаат тенденција да зборуваат многу опширно и со повторување.Соништата и вашите емоции
Иако научниците упеале да ги објаснат биолошките механизми што се поврзани со сонувањето, сепак, објаснувањето што означуваат тие соништа може да биде малку незгодно. Според теоријата на Сигмунд Фројд, соништата претставуваат манифестација на потиснатите желби. Според она што се нарекува „activation-synthesis hypothesis“, соништата се само електрични мозочни ипулси, кои по случаен избор, извлекуваат мисли и слики од нашата меморија, а луѓето од тие импулси конструираат соништа откако ќе се разбудат, во обид да најдат смисла во таа конфузија.
Најпопуларно општо мислење е дека соништата имаат цел и дека целта, во голема мера е поврзана со нашите емоции.
Истражувањето направено од д-р.Метју Вокер и неговите колеги од Универзитетот Беркли исто така презентира докази за врската помеѓу емоциите и соништата. Вокер и неговиот тим откриле дека редукцијата на РЕМ-сонот резултира со намалување на способноста да се разберат комплексните емоции во текот на денот.
И покрај фактот дека со помош на технологијата значително се проширени сознанијата во врска со сонувањето, сепак, многу од она што се случува додека спиеме сѐ уште останува она секогаш било – мистерија.