Во некои општества се смета за голема навреда кога ќе ве наречат неписмен/а, а се чини дека ништо помала навреда не е и кај нас. Меѓутоа во последно време иако информациите и пристапот до истите е се полесен, сепак генерален впечаток е дека голем број од популацијата има многу малку општи познавања од поголем број на области.
Според Националниот центар за образование и статистика на САД, „научнa писменост е знаење и разбирање на научни поими и процеси потребни за донесување на лична одлука, учество во граѓанските и културните прашања и економската продуктивност”.
Научно писмен човек се дефинира како оној што има капацитет да:
- разбере експеримент и расудува, како и да ги разбере основните научни факти и нивното значење
- да праша, најде, или да најде одговори на прашањата што произлегуваат од љубопитност за секојдневните искуства
- да ги опише, објасни, или предвиди природните феномени
- да чита со разбирање статии за наука во популарните печатени медиуми и да се вклучи во социјалните разговори во врска со валидноста на заклучоците
- да идентификува научни прашања битни за основните национални и локални одлуки и да ги изрази позициите кои се базирани на научни и технолошки информации
- да направи евалуација на квалитетот на научните информација, врз основа на нејзиниот извор и методите кои се користат за да ја генерираат истата
- да изнесе и да евалуира аргументи врз основа на докази и соодветно да ги примени заклучоците од такви аргументи
Може да се каже дека сме постигнале одреден напредок во првиот дел од оваа дефиниција. На пример, според една анкета, во 1996 година голем број од населението во САД не знаеле дека Земјата орбитира околу Сонцето, а некои дури не знаеле ни што значи тоа. Но, според неодамнешните анкети, научната писменост значително се подобрила. Повеќето од нас можат да одговорат на основни прашања во врска со науката, како на пример дека јадрото на Земјата е нејзиниот најжежок дел или дека за нуклеарната енергија и нуклеарните оружја е потребен ураниум.
Но, со оглед на тоа дека живееме во ера на интернетот, каде што со еден клик на дофат ни се информации од секое поле, самото познавање на фактите не е доволно. Од особено значење е да знаеме да го процениме изворот на информации и да ја разликуваме поврзаноста од причината, и мислењето од фактите – во однос на сите прашања, без разлика дали се научни или не. Овој дел од дефиницијата не го исполнуваме доволно. Денешните деца кои не ја гледаат поентата на науката немаат шанса да го подобрат своето критичко размислување. А теоретското знаење не се претвора лесно во практично.
Посакуваната комбинација од научна писменост и критичко размислување не доаѓа сама по себе и е вистинска реткост да сретнете луѓе кои одлично ги применуваат овие две работи. Можеби тoa е поради мислењето дека ако ги пратиме нашите деца во школо да учат наука, по автоматизам ќе научат и критички да размислуваат, некои од децата и ќе успеат во тоа но со повеќето треба дополнително да се работи.
Што мислите колку сме научно писмени ?