Шумите ја штитат водата за пиење


Шумите може да бидат значаен дел од процесот за зачувување на вишокот на азот произведен од модерното земјоделство, индустријата и транспортот, пред да предизвика проблеми со водата.
Азотот  е суштинска хранлива материја, потребна за живот и развој на сите живи суштества.

И покрај тоа што е главна компонента на воздухот, тој во голема мера е недостапен, апсорбиран само преку метаболизмот на одредени микроби, или пренесен во земјата преку дождот, снегот и маглата, во форма на амонијак, азотни оксиди или органски материи. Органската материја во почвата, односно остатоците од паднатите лисја, животинскиот измет или мртви нешта во различни состојби на распаѓање, исто така го апсорбираат ново депонираниот азот, држејќи го стабилен во почвата.

Старите шуми поефикасно го задржуваат азотот во однос на младите шуми, бидејќи акумулираат органска материја врз почвата со векови. Кога шумата се сече, следи ерозија која го збришува горниот слој на почвата. Младите дрвца почнуваат да го обновуваат органскиот слој, но би им требале децении за да го акумулираат.

Бидејќи почвите богати со органски материи можат брзо да го инкорпорираат азотот,  шумите имаат потенцијал да го апсорбираат вишокот азот, создаден во биосферата преку човечките активности. Примената на синтетички азотни ѓубрива и согорувањето на фосилни горива произведува значителни количества на амонијак и азотни оксиди. Од времето на индустријализацијата, тројно е зголемена глобалната стапка на фиксација на азот од воздухот.

Авторите на студијата ја нагласуваат потребата од стратешко зачувување и обновување на шумите и почвите богати со органски материи каде што го пресретнуваат движењето на подводните води кон потоците, езерата или утоките.

Поддржете ја нашата работа: