Синтетичка биологија за „штедливо“ истражување на вселената

Потенцијално, синтетичката биологија може да ги направи вселенските патувања попрактични и поподносливи. За време на летот, да ги зголеми резервите на гориво и другите енергетски потреби, да обезбеди мали количини на сите потребни материјали, како и обновливи хранливи и модифицирани производи и лекови. Со ова, се намалуваат трошоците и се зголемува здравјето и благосостојбата на астронаутите. На вонземска база, синтетичката биологија би можела да најде ефикасна примена во каталитичките активности на различни организми.

Еден од најголемите предизвици на екипажот на вселенските мисии се трошоците. НАСА обезбедува поддршка од дополнителни 99 единици за секоја единица маса на товар. „Поддршката” опфаќа сè, од гориво и кислород до храна и лекови за астронаутите. Повеќето од сегашните технологии за обезбедување на оваа поддршка, кои се распоредени или во развој, се абиотски што значи не се биолошки. Аркин и Менезес, водечките  истражувачи, покажале дека обезбедувањето на оваа поддршка со технологија базирана на постоечките биолошки процеси е повеќе од остварлива алтернатива.

„Во нашата анализа откривме дека технологиите, кои користитат метрика на заеднички простор како маса, моќ и волумен, имаат потенцијал за значително намалување на трошоците, особено во масата,” вели Менезес.

Во нивната студија, авторите имаат четири целни области: генерација на гориво, производство на храна, биополимерна синтеза, и фармацевтско производство.Тие покажаа дека за 916-дневна мисија со екипаж на Марс, употребата на микробно биолошките производи може да ја намали масата на производство на гориво за 56%, масата на пратки со храна за 38%. Покрај тоа, микробите би можеле целосно да ги надополнуваат старите или радиоактивните резерви на лекови.

Авторите признаваат дека голем дел од нивната анализа е шпекулативен и дека нивните пресметки покажуваат голем број на значајни предизвици за создавање на биолошко изводливо зголемување и замена за абиотските технологии. Сепак, тие тврдат дека инвестициите за да се надминат овие бариери нудат драматичен потенцијал за идните вселенски програми.

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

Поддржете ја нашата работа: