Сиромаштијата остава видливи траги на мозокот

Скенирањата на мозокот на ученици од спротивен социо-економски статус ги покажаа „лузните“ од тешкото детство. Важни мозочни региони се поразвиени кај децата кои растеле во удобна средина.

Истражувачите од МИТ со помош на магнетна резонанца го проучувале мозокот на 23 ученици од семејства со пониски приходи и 35 ученици израснати со богатство. Сите биле на возраст од 12 или 13 години. Покрај тоа, децата биле тестирани со програмата, односно системот „MCAS“ при што посиромашните деца просечно покажале полоши резултати.

Џон Габриели, професор на МИТ кој го предводел истражувањето, забележал разлики во мозокот кај децата, односно побогатите деца имале подебел темпорален и окципитален (тилен) лобус, кој покрај другите работи е одговорен и за видот и меморирањето на знаењето. Овие вештини се особено нагласени кај стандардните тестови. Разликите во кортикалната дебелина може да се одговорни за речиси половина од разликите во постигнатите резултати на тестот, објаснуваат истражувачите.

„Како и што очекувавме, постои реална цена за живеењето во лоша средина. Тоа може да го забележиме во резултатите на тестовите, нивото на образование, но и во мозокот на овие деца“.

1241fИ претходни истражувања ги поврзувале условите во средината со промени во мозокот, или пак со пониски академски резултати, но ова е прво истражување кое ги поврзува сите три.

Приходите секако дека не се единственото важно влијание од средината врз академските достигнувања. Сиромашно семејство исполнето со љубов и поддршка е подобро од богато и насилно. Но, како и да е, разликата во резултатите на тестовите кај сиромашните и богатите деца е сеприсутна и долготрајна појава во образованието ширум светот. Овие наоди не значат дека тоа не може да се промени со понатамошна поддршка од семејството, училиштето и сл.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt