Систинската капела влезе во дигиталната ера

Едно од најголемите и најпознатите дела од ренесансата, таванската фреска на Систинската капела, влезе во дигиталната ера.

Амбициозниот дигитално сликовит проект за снимање на делата на Микеланџело беше откриен во Музејот на Ватикан во Рим минатата недела. Неверојатниот пет годишен проект се чуваше во тајност за време на целото времетраење на трудот, при што само мал број на експерти и вработените во Музејот знаеле за тоа. Фотографите и инженерите работеле кога капелата била затворена за јавноста 65 ноќи, користејќи специјализирани телескопски леќи со цел да се доловат сите детали од ова големо уметничко дело.

Резултатот на сликата опфаќа неверојатни 30 терабајти во големина и покажува слика со точност од 99.9 проценти, а во моментов се состои од 270.000 дигитални рамки.

“Во иднина, тоа ќе ни овозможи да ја знаеме состојбата на секој сантиметар од капелата, како што е денес во 2017та година. Користевме специјален пост-продукциски софтвер за да добиеме длабочина, интензитет, топлина и нијанси на боите со точност од 99.9 проценти”, вели Џорџо Армароли шеф на италијанската уметност Scripta Maneant, и партнер на проектот.

Последниот проект од ваков вид во Систинската капела е завршен во 1994 година, кога сликите беа подложени на еден од најголемите проекти за реставрација. Сепак, како што можеме да замислиме, фотографиите беа едвај споредливи со денешните стандарди.

Фреската од ренесансниот мајстор Микеланџело беше завршена во 1512 година. Микеланџело го презирал овој проект, и сметал дека служи само за да се задоволи грандоманијата на папата. Сепак, денес се смета дека таванот на Систинската капела е круна на неговата уметност.

Поддржете ја нашата работа: