Сите имаат кафеави очи, иако ви се чинат сини

Според една статија на „CNN“, без оглед на тоа дали имате сиви, зелени, сини или кафени очи, факт е дека ирисот кај сите всушност е со кафеава боја и дека се е прашање на перцепција.

Без грижа, и натаму може да му упатите комплимент на некого во врска со неговите убави „сини очи”, тука има само малку физика и хемија да ви објаснат каков е ирисот позади се она што ние површно го гледаме.

Не постои, да речеме син пигмент на ирисот. Синилото што го гледате е само резултат на рефракција и рефлексија на светлината. Иако очите ги забележуваме во разни нијанси на бои, технички ирисот кај сите е со кафеава боја благодарение на меланинот.

Со оглед на тоа што меланинот е природен кафеав пигмент, и се наоѓа во ирисот на сите (освен кај луѓето со албинизам), поентата е само во количината на меланин и начинот на кој светлината се апсорбира и рефлектира. Таквиот процес каj луѓето резултира во различни оптички илузии.

На повеќето од нас ни е познат феноменот на син ирис кај новороденчињата. Тоа се случува затоа што кај нив треба меланинот полека да се формира. Кога тоа покасно ќе се случи, ирисот на новороденчето менува боја. Меланинот има способност да апсорбира различни количини на светло, зависно од тоа колку е присутен. Што повеќе има присуство на меланин, повеќе очите имаат апсорбирано светлина, а помалку рефлектирано на надвор. Како резултат на тоа гледаме луѓе со кафеав ирис на очите.

Сините очи се резултат на дијаметрално спротивставени закони. Останатите зелени и сиви нијанси се оптички резултат на квантитетот, квалитетот и сорти на дисперзија на пигментот во предниот граничен дел на ирисот.

Квалитетот и квантитетот на пигментот, исто така се зависни од самата конструкција на ирисот. Затоа поради богатството на текстури и модели секој ирис е уникатен како отпечаток од прст.

Објаснувањата за еволуцијата се движат од теоријата за постепено менување поради миграции во поладните краеви, се до тоа што за разновидноста е виновна мутацијата, поради која ирисот не може доволно да произведе меланоцити.

czy1zzw8aasetf

Поддржете ја нашата работа: