Сега, едно ново истражување ја предизвкува идејата дека себичноста е единствената етичка димензија, укажувајќи дека дури и оние кои навидум се однесуваат алтруистички, ги кршат етичките норми.
Дејвид Дубоа, главен автор на истражувањето, смета дека оваа разлика е важна затоа што кога е сумирано себичното неетичко однесување, резултатот е дека и лицата со понизок се склони кон неетичко дејствување.
Најпрво, истражувачката група набљудувала 151 волонтери со цел да се утврди нивната општествена класа.
Потоа, од нив било побарано да играт компјутерска игра, односно 5 пати да свртат коцка и да се обидат да постигнат вкупен скор 14. Им било кажано дека доколку успеат ќе бидат внесени во лотарија, со можност да освојат 50 долари.
Тие не знаеле дека виртуелната коцка е подесена за максимален скор 12. Но бидејќи процесот не бил набљудуван, имале простор да излажат.
На половина од волонтерите им било кажано дека ако достигнат 14, тие ќе ја добијат наградата за себе, додека останатите биле информирани дека доколку победат, би требало да одлучат кому ќе ја подарат наградата.
Резултатите покажале дека поединците од повисокоте општествени слоеви биле со поголема веројатност да лажат доколку наградата оди директно за нив, додека оние од пониските лажат доколку нивната награда треба да ја добие некој друг.
Вториот експеримент се состоел од презентирање на неколку сценарија за етичко и неетичко однесување на 81 испитаник, чии приходи и образование биле претходно утврдени. Од нив било побарано да ја проценат веројатноста за учество во различни видови дејства.
Тимот открил дека повисоките приходи се во корелација со поголема себичност, додека образованието речиси и да нема влијание врз исходот.
Причината за ова може да биде моќта: „Фактот дека приходите, односно разликата во ресурси, е повлијателна од образованието, обезбедува индиректна поддршка за претпоставката дека моќта предизвикува разлики во однесувањето меѓу општествените класи.
Со цел да се провери факторот моќ, тимот на Дубоа осмислил трет експеримент. На 121 нови учесници им биле доделени улоги на шеф или вработен. Потоа им било кажано дека компјутерот автоматски ќе им додели задача: здодевна (претставена со бројот „1″ на екранот на компјутерот) или забавна број „2″).
На половина од групата им било кажано дека треба сами да ја завршат задачата, додека на останатите им било кажано дека задачата ќе биде за следната личност.
Повторно им бил оставен простор за лажење. Експериментот покажал дека оние кои биле во позиција на моќ (шефови) биле со поголема веројатност да лажат за себе, а оние кои биле во подредена улога, лажеле за доброто на другите.
Заклучокот е дела луѓето имаат различни мотиви за неетичко однесување. Во крајна линија, ова е важно во одлучувањето која општествена класа ќе биде на власт и влијанието врз човековото однесување.
Наодите се објавени во „Journal of Personality and Social Psychology“.