Сјајот на јајцата од тинаму

Ова откритие би можело да доведе до развој на нови сјајни лакови за керамика и подови, со потенцијално зголемување на нивните естетски квалитети и издржливост.

По отстранувањето на надворешниот слој на лушпите од јајцата и испитувањето на нивната хемиска и наноструктура, истражувачите откриле присуство на слаба иридисценција во  лушпите на јајцата, создавајќи површни бои. Бојата се менувала во зависност од аголот под кој се гледаат и светлината која паѓа врз нив. Истражувачите трагаат по начинот на кој не-пигментните нанометриски структури влијаат  врз одразот на светлината  и производство на иридисценција. Тие создаваат колорит на лушпите, кој досега не е документиран.

Перцепираната боја се менува во  зависност од аглите на набљудување и осветлување. Овој ефект може да се произведе од страна на наноструктури кои влијаат на начинот на рефлектирање на светлината. Истражувачите правеле експериментални манипулации со спектрофотометар за пресметка на аглите, скенирање на електроните и силата на атомите, оптички пресметки и хемиски анализи за испитување на механичката конструкција која стои зад сјајот и бојата на лушпите од тинаму.

Блескава покривка

Јајцата од тинаму имаат ултра-мазен слој, или кутикула, за разлика од лушпите на обичните јајца. Оваа мазност предизвикува светлината да се рефлектира на спекуларен начин, како и одразот во езеро или огледало. Вдлабнатините на другите јајца ја рефлектираат светлината дифузно, како облак.

Истражувањето ја открива долгогодишната мистерија за сјајниот изглед  на овие јајца и покажува дека птиците можат да направат површини кои се достојна конкуренција на високо квалитетните полирани  човечки материјали. Како и зошто се случува тоа во текот на развојот на јајцата, се големи прашања за во иднина.

Поддржете ја нашата работа: