Прототип направата што се става на прст, користи камера која го скенира текстот кој потоа се претвора во говор во реално време.
„За луѓето со оштетен вид, ова е „преведувач“. Тоа што прстот го „гледа“, направата го преведува–во звук“- објаснуваат истражувачите.
Најголем предизвик секако претставува како да се задржи прстот на лицето со оштетен вид на линијата на текстот. Истражувачите дошле до две опции – направата да користи вибрационен мотор поставен над и под прстот кој ќе покажува дали треба прстот да се движи горе или долу и другата каде се емитуваат музички тонови како индикатори.
Иако волонтерите кои биле вклучени во истражувањто не фаворизирале ниту една опција, истражувачите велат дека опцијата без мотор, која е помала и полесна, е подобра.
Направата користи алгоритам кој го процесира тоа што камерата го забележува. Засега направата е поврзана за лаптоп, но идната верзија ќе може да користи телефон што ќе ја направи попренослива. Со ова им се овозможува на слепите лица да читаат книги , а може да им помогне и на лицата кои не се слепи, но имаат проблем со читањето. Истражувачите велат дека веќе има интерес од родители чии деца страдаат од дислексија.
Еден инжeнер веќе работи на направа која ќе им овозможи на слепите лица да распознаваат оддалечени објекти.