Слуз од индиска жаба содржи молекули кои лекуваат од грип

Молекулите од слузта на шарената индиска жаба убива некои видови на вируси и грип, и може да помогне во понатамошните нови методи за лекување. За потребите на студијата која е објавена во списанието Immunity, научниците ја фатиле индиската жаба hydrophylax bahuvistara и зеле секрет кој се излачува од нејзината кожа. После употребата, жабата е вратена во нејзината природна средина.

Потоа од секретот изолирале неколку молекули и ги тестирале на човечки клетки се додека не ја пронашле онаа која го убива вирусот, а притоа не ги уништува клетките. Со оваа молекула вакцинирале лабораториски глувци, и установиле дека всушност им даваат заштита од смртоносниот Х1 вирус кој беше одговорен за пандемија во 2009 година. Сеуште нема вакцина создадена од жабја слуз, но направен е првиот чекор.

Жабјата слуз содржи пептиди или кратки синџири на аминокиселини. Во новата студија, научниците најпрво го следеле ефектот од 32 пептиди од жаби, на различни видови вируси и потврдиле дека 4 од нив се борат против овој грип. Кога ги измешале овие пептиди заедно со клетки од црвени крвни зрнца, 3 од 4 пептиди ги оштетиле црвените крвни клетки, создавајќи дупчиња во нивните клеточни мембрани.

Четвртиот пептид, урумин, за клетките бил сигурен, а го убивал вирусот. Името го добил по индискиот меч, уруми од околината на Керала, од каде што потекнува и оваа жаба.

Урумин во целост го уништува вирусот, врзувајќи се за специфичен протеин кој го има скоро во сите видови на вируси. Тоа го прави сестран, но не по целост. Против најновиот вид на грип H3N2, за жал не делува.
Сепак уруминот би можел да помогне таму каде моментално познатите лекови не делуваат.

 

Поддржете ја нашата работа: