Споделувањето на неколку добри шеги ја зголемува веројатноста луѓето да кажат нешто лично за себе, дури и без да се свесни дека го прават тоа. Ова се некои од наодите од истражувањето предводено од Алан Греј на Универзитетскиот колеџ во Лондон во Велика Британија, објавена во списанието „Human Nature“.
Чинот на вербално отворање е клучна алка за формирање на нови односи и интензивирање на социјалните врски. Таквите себеоткривања може да бидат од чувствителна природа – како споделување на верски убедувања или лични стравови – или површни , на пример омилената храна.
Тек на истражувањето
Со цел да ја испитаат улогата и влијанието на смеата во процесот на споделување, Греј и неговите колеги земале 112 студенти од Универзитетот во Оксфорд во Англија, во групи од по четири. Студентите не се познавале еден со друг. Групите гледале 10-минутно видео заедно, без да разговараат еден со друг. Видеата се разликувале во износот на смеа, позитивни чувства или емоции што ги поттикнуваат – стенд ап комедија, инструкции за голф и документарец за џунглата. Потоа било измерено нивото на смеа и емоционалната состојба на секој од учесниците. Секој член на групата, исто така, морал да напише порака до друг учесник која ќе му помогне да се запознаат подобро.
Учесниците кои се смееле заедно, поделиле значително повеќе интимни информации од групите кои не гледале комедија.
Греј укажува дека ова не е резултат само на позитивно искуство, туку и физиологијата на смеата си го прави своето. Всушност, кога се смееме доаѓа до ослободување на т.н. „среќен хормон” ендорфин. Наодите ја поддржуваат идејата дека смеата ја поттикнува интимноста кај луѓето и отвореноста кон непознати.
Интересно е дека лицето кое открило лични информации, ретко било свесно дека го прави тоа.
Резултатите укажуваат на тоа дека смеата треба да биде сериозна тема за оние кои се заинтересирани за развој на општествените односи.