Снимена човечката интелигенција

Истражувачите од Универзитетот Ворвик од Англија за прв пат успеаа да ја дефинираат и измерат човечката интелигенција. Тие, во соработка со Кина, спровеле истражување за да ги измерат динамичните функции на мозокот и да идентификуваат како различните делови од мозокот комуницираат едни со други во различно време, односно да откријат како функционира интелектот.

Истражувачите откриле дека колку што е мозокот попроменлив и колку што неговите различни делови почесто се поврзуваат едни со други, толку е поголем коефициентот на интелигенција и креативност на поединците.

Тие направиле снимки со магнетна резонанца на илјадници луѓе низ светот и откриле дека областите во мозокот кои се поврзани со процесот на учење и развој покажуваат високо ниво на варијабилност, што значи дека почесто ги менуваат своите невронски врски со другите делови од мозокот – во текот на неколку минути или секунди. Од друга страна, областите од мозокот кои не се поврзани со интелигенцијата – визуелната, аудитивната и сензорната област, покажуваат мала варијабилност и адаптабилност.

Подоброто разбирање на човечката интелигенција може да доведе до подобар развој на вештачка интелигенција во иднина. Во моментов, системите за вештачка интелигенција не ја процесираат варијабилноста и адаптабилноста на човековиот мозок, што се однесува на процесот на растење и учење. Откривањето на динамични функции во мозокот може да се примени во изградбата на напредни вештачки невронски мрежи за компјутери, со способност да учат, растат и да се адаптираат.

Ова истражување исто така може да доведе и до подобро разбирање на уште едно во голема мера погрешно разбрано поле – менталното здравје. Променети модели на варијабилност се забележани во мозокот на лицата со шизофренија, аутизам и АДХД. Доколку се открие причината за овие ментални заболувања, научниците во иднина ќе можат подобро да ги третираат, па дури и спречуваат.

Истражувањето е објавено во „Brain“.

enauka.mk
9,239наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,922денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.