Со нов производствен процес до суперпластика

Полимерите се користат во автомобилите, авионите и стотици производи за широка потрошувачка, а научниците веќе долго време се соочуваат со предизвикот да создадат полимери кои се имуни на менувањето на обликот при термичка експанзија. Еден начин да се постигне оваа цел е да се развијат високо насочени кристални структури кои ги имитираат оние на транспарентните течни кристални диоди, или LCD екрани. За жал, полимерите обично се карактеризираат со случајни микроструктури, наместо со совршено подредена микроструктура и транспарентност.

Орландо Риос и соработниците од  Државниот универзитет во Вашингтон ги поместија границите, создавајќи систем за обработка која ја менува микроструктурата и механичките својства на течната кристална епоксидна смола. Наодите се објавени во списанието на Американското хемиско здружение и нудат потенцијални решенија за нови структурни дизајни и функционални композити со подобрени својства.

Методот  ги комбинира конвенционалните процеси за обработка на топлина со апликацијата на моќни магнетни полиња генерирани со суперпроводливи магнети. Истражувачите можат да го користат за контрола на ориентацијата на молекулите и, во крајна линија, кристално усогласување.

„На овој начин, може да ја постигнеме нашата цел од нула коефициент на термичка експанзија и полимер кој е високо кристален”, вели Риос. Тоа значи дека постои потенцијал за одбирање на посакуваните својства на полимерите на епоксидна смола кои  денес се толку распространети .

Епоксидна смола  најчесто се користи во структурните композити, врзани магнети и облоги. Конвенционалната  епоксидна смола обично се состои од случајно ориентирани молекули со молекуларни вериги  во секоја насока, речиси како пајажина на атоми.

Со користењето  на термомагнетска обработка и молекуларни вериги кои реагираат на магнет, се формираат високо подредени структури.

Поддржете ја нашата работа: