Собни растенија кои се опасни за вашите миленици

СПОДЕЛИ

Aко сте во потрага по идеалните собни растенија кои ќе го украсат вашиот дом, треба да земете предвид дека некои од нив се исклучително опасни по здравјето на домашните миленици.

Spathiphyllum

Оваа популарна билка со бели цветови е убава, но е многу опасна за мачките и кучињата. Доколку вашиот миленик се обиде да ги јаде лифчињата тоа може да предизвика повраќање и потешкотии со голтањето.

Ficus lyrata

Ова собно растение често може да се види на Инстаграм и Пинтрест, но не е ни малку мудар избор доколку имате домашно милениче. Иако нема смртоносно дејство, ја надразнува устата кај мачките и кучињата.

Colocasia esculenta

Тропската билка колоказија, позната и под името слоново уво, според експертите, може да предизвика повраќање и дијареа.

Eucalyptus gunny

Наспроти пријатниот мирис и убавите листови, еукалиптусот може да предизвика депресија и омалаксаност кај домашните миленици.

Ficus elastica

Популарното собно растение кое го карактеризира восочниот изглед на листовите може да предизвика кожни иритации кај луѓето и болести на органите за варење на храната кај милениците.

 

 

Дискусија

Коментари