Соја лецитин, состојка која се наоѓа скоро во секоја храна. Што всушност внесуваме во нашиот организам?

Соја лецитин е состојка која ја гледаме во составот на скоро сите купени намирници, но малкумина од нас знаат што всушност е. Не знаеме ни дали е штетен, ни за кого е штетен.

Соја лецитинот е Е322, односно растителен емулгатор кој се користи за производство на готова храна, а се добива од зрна соја. По хемиска формула е фосфолипид, а во прехрамбената индустрија се кориски како емулгатор, што значи дека во производот ги поврзува мастите со водата и му дава карактеристична текстура. Иако сојата е познат алерген, лецитинот не предизвикува алергии, и во принцип не се смета за штетен по здравјето.

Лецитинот се наоѓа насекаде. И во растенијата и во животните. На пример, во јајцето, осносно во жолчката, говедскиот црн дроб, ореви, семки, кикирики, соја, портокали, карфиол, ладно цедено маслиново масло итн.

Она што ги загрижува експертите е фактот дека соја лецитинот е извлечен од соино масло, кое воглавно е генетски модифицирано. За цега не се знае на кои начини може да влијае и севкупниот животен циклус, но Европската Унија, назначи дека адитивите кои се извлечени од генетски модифицирани намирници, мораат така и да бидат означени. Бидејќи правиот извор на соја лецитин е скоро невозможно да се најде, ЕУ дефинираше дека производителите на лецитин, не соја лецитин, мораат да имаат ознака IP, што означува “Identity Preservation” , односно дека потекнува од плантажи со одржливо управување.

Поддржете ја нашата работа: