Социјален тренинг за лицата со депресија

Во својот  труд  за улогата на „социјална перцепција во депресија”, објавен  во списанието „Frontiers in Psychiatry“, истражувачите тврдат дека негативните перцепции на социјални ситуации доживеани од страна на луѓето со депресија се многу поважни отколку што претходно се мислело.

“Постојат значајни докази дека луѓето со големи депресивни нарушувања ги доживуваат социјалните ситуации низ призма на сопствените негативни и променливи расположенија, и може да ги толкуваат социјалните сигнали сосема поинаку од другите луѓе”, вели главниот автор професорот Бернард Баун, раководител на одделот за психијатрија на Универзитетот Аделаида.

Тешкотиите со социјалната интеракција, барем делумно, се должат на променетата способност соодветно да се протолкува емоционалниот стимул и менталните состојби на себеси и на другите. Оваа состојба е присутна дури и кога депресивното лице е во ремисија.

Сепак, врз основа на сите расположливи докази, истражувачите веруваат  дека значителен број на луѓе со тешка депресија ќе одговорат на некои форма на интервенција, како што се социјалните вештини на обука.

Социјалните вештини се од суштинско значење за луѓето да имаат добри „функционални” резултати на работното место, во општествените групи, како и за успешните односи. Ова е важна димензија на депресијата која често се занемарува.

Влијанието врз способноста на луѓето да работат и да соработуваат во тим, или да имаат долготрајни и здрави односи, е исклучително важно за општата добросостојба. Ако овие аспекти не се на оптимално ниво, може да дојде до продлабочување на депресијата.

Третманот за овие прашања  е надвор од  границите на нормалната психолошка терапија и фармаколошките третмани кои во моментов им се нудат на пациентите.

Професорот Баун  вели дека иако не секој од депресивните луѓе ќе биде идеален за обука за социјални вештини, сепак се очекува позитивно, долгорочно влијание на многу пациенти.

Веќе е познато дека некои терапии имаат способност да го променат размислувањето и перцепцијата кај луѓето, тоа всушност претставува само начин на кој ќе го отклучите социјалниот  потенцијал во секој поединец . Меѓутоа, оваа област е многу важна за да се игнорира и се препорачува како дополнување на стандардните третмани.

Поддржете ја нашата работа: