Се повеќе и повеќе деца страдаат од нарушување во спиењето, а научниците го поврзуваат овој проблем со скоро неопходното користење на социјални мрежи и дигитални уреди непосредно пред спиење.
Тие забележуваат дека прекумерното користење на Instagram, Snapchat, Facebook и Twitter може да биде поврзано со развојот на некои ментални нарушувања, како што е депресијата, но исто така и прекумерна телесна тежина – пишуваат британските медиуми.
Според податоците на Британскиот национален институт за здравство (NHS) во последните шест години, бројот на хоспитализација на деца со нарушување на спиењето е значително зголемен. Меѓу младите до 16 години бројот е зголемен во последните пет години од 6.520 регистрирани на 9.429.
Порастот на бројот на проблеми со спиењето кај децата е во спротивност со мало намалување на хоспитализацијата кај другите возрасни групи – од 29.522 во 2012 година на 29.184 минатата година.
Некои експерти сметаат дека социјалните мрежи не треба да се демонизираат, туку да ги поучуваат родителите за да постават граница на нивните деца кога ги користат овие платформи.
“Сите знаеме дека синото светло од екранот на паметен телефон може да го наруши сонот, но мислам дека по толку многу предупредувања во овој случај родителот е оној кој е одговорен за ненаспиеното дете”, вели Тања Гудин, автор на книгата “Stop Staring at Screens”.
Од големаважност е да се постави некоја граница на детето и да се следи на кој начин ги користи содржините од интернет. Ограничувањата и правилата се многу важни за поставување на јасни граници и за учење самоконтрола кај децата, но тие не треба да бидат единствениот начин за едукација.
Важно е да се стекнат здрави навики и да се обезбедат позитивни модели во семејниот живот. Помалку е веројатно дека детето ќе развие социјална зависност од мали нозе доколку е насочено кон семејни патувања, друштвени игри и семејни дружења.