Социјалните мрежи штетни за тинејџерите

Една нова студија спроведена од страна на Британската влада покажува дека менталната благосостојба на тинејџерите во земјата е влошена.

Истражувањето во кое биле вклучени три илјади 14-годишни ученици во 2005 и во 2014 година покажало дека психолошкиот стрес кај девојчињата пораснал на 37 проценти од 2005 година, кога изнесувал 34 проценти. Кај британските момчиња, за истиот период е забележен пад на нивото на стрес од 17 на 15 проценти.

Авторите на истражувањето нагласуваат дека „настапувањето на „ерата на социјалните медиуми“ може да претставува голем фактор кој придонесува за зголемување на нивото на стрес кај британските тинејџери.

„Адолесцентните години се време на брз физички, когнитивен и емоционален развој. Тинејџерите комуницираат со луѓето, со цел да научат да станат компететни возрасни. Во минатото таа комуникација се одвиваше со нивните родители, учителите и останатите возрасни во нивната заедница, како и со членовите од поширокото семејство и пријателите. Сега може да ги додадеме и социјалните мрежи на таа листа на социјален емоционален развој“ – пишува во неодамна објавениот блог, Пем Рамсден, професор по психологија на Универзитетот Брајтон во Велика Британија.

779422-fa6b598e-473a-11e3-889f-97711b41d0ddВо текот на адолесцентниот период, момчињата и девојчињата ги развиваат карактеристиките како што се доверба и самоконтрола. Бидејќи мозокот кај тинејџерите не е целосно развиен, тие немаат когнитивна свесност и импулсивна контрола што ќе ги спречи да постираат несоодветни содржини. Покрај тоа, овие содржини може да се дистрибуираат многу подалеку и пошироко со катастрофални последици.

„Социјалните медиуми можат да ја потхранат несигурноста кај девојчињата околу нивниот физички изглед. Сајтовите се полни со слики на лица со изглед на тело што е недостапно за обичниот човек. Сепак, тие се врзуваат за овие слики и пораки како социјален стандард“ – вели Рамсден.

„Социјалните медиуми им овозможуват на девојчињата да се споредуваат со пријателите како и со славните личности, а потоа им даваат екстремни совети за диети и вежби за да ја достигнат посакуваната цел. Загриженоста за изгледот на телото може негативно да влијае врз квалитетот на нивниот живот, спречувајќи ги да воспостават здрави релации и одземајќи им го времето кое би можеле поквалитетно да го потрошат на развој на други аспекти од нивната личност“- истакнува Рамсден.

Таа исто така нагласува дека социјалните медиуми можат да извршат притисок на младите девојки да се објективизираат и да станат сексуално активни пред да бидат емоционално спремни да се справат со тоа.

teensmartphone„Девојчињата во адолесценција имаат тенденција да се опседнуваат со банални работи, и постојано да размислуваат или да прават едни исти работи за да ги примат и обработат информациите. Ова е здраво, но истражувањето покажува дека ако ова се поврзе со социјалните медиуми, тоа може да ги интензивира нездравите активности и да стане претходница за развој на депресијата и депресивни симптоми“- вели Рамсден.

Поддржете ја нашата работа: