Лавовите и белите ајкули се највисоко рангираните предатори, но во споредба со супериорниот ловец во светот на инсектите, тие се аматери. Природата го направила вилинското коњче ефикасна машина за убивање, чија софистицирана визија, незаменлива техника на летање и шилести вилици не оставаат простор за пленот да избега.
Вилинското коњче ја предвидува идната позиција на пленот
Кога луѓето играат со топка, имаат капацитет да го пресметаат патот на топката, за да ја фатат на време. Долго време, научниците веруваа дека способноста да се пресмета растојанието, правецот и брзината на топката или пленот во неколку милисекунди е многу сложена мозочна активност. Дури и софистицираните предатори како лавовите го следат пленот и не се во можност да ја предвидат насоката. Кога научниците ги следеле вилинските коњчиња со камера, се покажало дека инсектите можат да го пресретнат патот на својот пленот, наместо да го следат.
Цел: Издвоена
Дури и кога вилинското коњче се соочува со рој на инсекти, има способност 100% да се фокусира на една единствена жртва без да биде расеано од страна на други објекти. До неодамна, научниците веруваа дека само луѓето и мајмуните биле во можност да се фокусираат на една работа во еден момент и да исклучат сè друго. Откритието дека вилинските коњчиња, исто така, ја имаат оваа корисна способност било направено од страна на научниците од Универзитетот во Аделаида во 2012 година.
Со помош на мала стаклена сонда од 60 нанометри, 1500 пати потенка од човечко влакно, научниците ја измериле нервната активност во мозокот на вилинското коњче, што покажува дека има капацитет за селективно внимание. Истовремено, тие откриле дека вилинските коњчиња, кои се воведени во две можни жртви во исто време, се во состојба да се насочат на една и да ја игнорираат другата. Со оглед на тоа дека нивните пленови често летаат во роеви, оваа способност е голема предност. Научниците се надеваат дека ова откритие ќе ги инспирира инженерите да развијат интелигентни роботи по примерот на овој извонреден нервен систем.
Очите му обезбедуваат панорамска визија
Како и кај другите инсекти, очите на вилинското коњче се направени од многу индивидуални очи, или „ommatidia“, со по една сензорна клетка кај секое. Мувата има само 6000 „ommatidia“, додека вилинско коњче 30.000. Ова му овозможува со еден поглед да ја опфати околината и да се фокусира на една единствена жртва. Покрај тоа, очите на вилинското коњче имаат 4-5 т.н. опсини (opsins) – протеини чувствителни на светлина, додека луѓето имаат само три. Вилинските коњчиња, исто така, може да откријат УВ светлина, која е невидлива за луѓето. Во горниот дел на окото, има опсини кои детектираат сина и УВ светлина, а во долниот дел зелена и портокалова.
Нема слепи точки
Големите очи во форма две полутопки резултираат со поглед од 360 степени.
За разлика од повеќето други инсекти, кои не можат да видат што се случува зад или под нив, вилинското коњче може да ги види своите непријатели и да им избега без оглед на аголот на напад.
Совршен биолошки хеликоптер
Крилјата на вилинското коњче се толку исклучителни што американската војска и НАСА работат на беспилотни летала инспирирани од нив. Крилјата се лесни, вкочанети и флексибилни истовремено. Згора на тоа, вилинското коњче може да ги движи четирите крилја независно еднo од другo, што му овозможува да го смени правецот на летање многу брзо. Mожат да летаат наопаку, ако е потребно.
Вилиците го кршат пленот
Блиска средба дури и со помало вилинско коњче значи смрт. Тие систематски го уништуваат пленот. Прво, го држат пленот со предните нозе. Потоа, му ги отсекуваат крилјата за да не може да избега и ако се’ уште се обидува, тогаш го гризаат за главата. Најпосле, го јадат, почнувајќи од главата. Вилиците на вилинското коњче се толку силни и се отвораат широко што може да јаде дури и поголеми инсекти. Не мора ни да слета, може да јаде дури лета. Дури и кога вилинско коњче се соочува со смртта, тоа не престанува да јаде. Научниците посочуваат примери на вилински коњчиња кои се заплеткале во пајажина и го изеле пајакот.