Создадени вакцини за два вида на птичјиот грип

Птичјиот грип доведе до масовен колеж на милиони кокошки и мисирки, како и смрт на стотици луѓе.

Новиот метод за развој на вакцина се очекува да им помогне на научниците што побрзо да направат вакцина за птичјиот грип, со што би се намалил бројот и интензитетот на епидемии на живинарските фарми, како и заразување на човекот.

Јирген Рихт, професор по ветерина и директор на центарот за болести кај животните во САД, заедно со своите колеги, се фокусирале на еден подвид на птичјиот грип – “H5N1“ – кој е најактивен во Индонезија, Египет и други земји од југоизсточна Азија и северна Африка, а бил забележан и кај помал број на диви птици во САД.

“H5N1“ е патоген кој се пренесува од кокошките на луѓето. Досега повеќе од 700 луѓе во светот се заразиле, а околу 60 починале, изјави Рихт.

Истражувачите развиле вакцина за “H5N1“ преку комбинирање на два вируси. Тие го клонирале Њукастелскиот вирус и во неговата вакцина вметнале мал дел од “H5N1“ со што всушност создале рекомбинантен вирус. Кога ги вакцинирале кокошките со оваа вакцина, тие биле заштитени и од двата вируси.

Истражувачите исто така разгледале уште еден подвид на птичјиот грип – “H7N9“- кој е најзастапен во Кина. Пријавени се 650 случаи на заразени лица и 230 починати.

„За разлика од видот “H5N1“ кој ги убива птиците во рок од 3 до 5 дена, птиците заразени со “H7N9“ не покажуваат знаци на болест, што го зголемува ризикот од заразување“, велат истражувачите. Тие го употребиле истиот метод за да ја создадат вакцината и повторно се покажала ефикасна.

Користењето на Њукастелскиот вирус за да се создадат вакцините може да се покаже ефикасен не само за кокошките, туку и за свињите, говедата и овците, па следниот чекор на истражувачите е токму тоа. Истражувањето е објавено во „Journal of Virology“.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.