Европските и Јапонските научници го претставија вселенскиот брод „БепиКоломбо“, првото летало на Европската вселенска агенција, што ќе биде испратено на Меркур.
Леталото е со необичен дизајн, во вид на „сложен автобус“ и ќе носи еден европски и еден јапонски орбитер. По пристигнувањето тие ќе резделат и ќе се движат околу Меркур во две различни, но комплементарни орбити.
Европскиот орбитер има 11 специјално дизајнирани инструменти, а јапонскиот пет, со кои ќе се собираат податоци од површината на Меркур, неговата внатрешност, атмосферата и магнетното поле. Се очекува тие да останат во орбитата на Меркур најмалку една до две години, пред да паднат на неговата површина.
Според соопштението на Еврската вселенска агенција, ова заедничка мисија, вредна 1,3 милијарди евра, претставува „најкомплицираната мисија досега“.
Меркур е едниствената карпеста планета во Сончевиот систем, освен Земјата, која има магнетно поле, но тоа е толку слабо што не пружа никаква заштита од соларната радијација, која на Меркур е 10 пати посилна отколку на Сонцето.
Температурите на Меркур се екстремни и се движат од -180 од + 450, што е довоно да се истопи метал и претставува посебен предизвик за инжинерите кои ја дизајнираат заштита и изолацијата отпорна на високи температури.
„Ќе влетаме во рерна, па затоа е многу важно да тестираме материјали на многу високи и многу различни температури. Понекогаш добиваме резултати кои не се посакувани“– вели раководителот на проектот Урлих Рајнингхаус.
Огромната гравитација од Сонцето исто така претставува проблем да се постави леталото во стабилна орбита околу планетата.
Досега, НАСА има испратено само две мисии на Меркур – сондата „ Маринер 10“ во 1970-тите и „Месинџер“, кој орбитирал околу Меркур од 2011 до април 2015 кога останал без гориво.
Иако беше неколку пати одложувана, шефовите на мисијата се убедени дека леталото ќе биде лансирано во октомври 2018 година, од космодром во Француска Гвајана.
Се предвидува леталото да пристигне на Меркур на 05 декември 2025 година.