Среќните луѓе спијат повеќе

Среќата и добриот сон се чини дека одат рака под рака.

Истражувачите од „Gallup“ и „Healthways“ направиле анкета на повеќе од 7.000 возрасни лица во Америка и ги анализирале податоците врз основа на прашања за нивното чувство на цел во животот, општествени односи, финансии, инволвираност во заедницата и физичко здравје.

Откриле дека оние кои изјавиле дека спијат повеќе, исто така имале и подобра целокупна благосостојба отколку оние кои изјавиле дека спијат помалку. На пример, просечната благосостојба на оние кои изјавиле дека спијат 8 часа дневно изнесувала 65,7 од вкупно 100, за разлика од 64,2 на оние кои спиеле по 7 часа и 59,4 на оние кои спиеле по 6 часа.

Националната фондација за спиење препорачува минимум 7 часа сон за лица на возраст од 18 години и постари. Сепак, многубројни фактори можат да влијаат на сонот на луѓето, вклучувајќи ги работните часови, семејните обврски, одредени состојби како на пр. несоница, или слабо физичко здравје.

Анкетата е направена врз основа на едно истражување спроведено од 5 до 11 септември 2014 година, но бидејќи е направена само во текот на еден период, не може со сигурност да се каже дали спиењето ја зголемува благосостојбата, или пак оние кои имаат подобра благосостојба имаат тенденција да спијат повеќе.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt