Античките Грци ја имплементирале еугениката, со што ги изложувале на смрт неправилно формираните или слабо развиените деца.
Слични постапки се најдени кај многу примитивни народи. Терминот еутаназија добива практично значење дури во Стариот Рим и претставува став на здравиот човек кон смртта. Тој став означува храбро однесување пред смртта или убивање на самите себе, без помош на другите. Стариот и Новиот Завет, како и раното христијанство, не го познаваат проблемот на еутаназијата. Ставот на тоа време, во врска со еутаназијата, најдобро ја изразил Тома Аквински, кој кажал дека самоубиството се спротивставува на љубовта кон самиот себе, кон заедницата и кон Божјиот авторитет над човечкиот живот. Културните струи за време на Ренесансата биле насочени кон уметноста на умирање. За целиот Среден христијански век еутаназија е непозната.
Во текот на 19 век, лекарите генерално ги одбивале безболните усмртувања на тешко ранетите пациенти, верувајќи дека нивна должност е да ги лекуваат, а не да ги убиваат. Нејзина појава, иако незаконски и во тајност, еутаназијата доживеа во нацистичка Германија за време на Втората светска војна.
Идејата за живот недостоен за живот, на Хитлер добро му послужила и за реализација на планот. Во неговата замисла во добар дел му потпомогнала неподвижноста на поединци и успаното јавно размислување со добро осмислено перење на мозокот, преку средствата за општествено информирање за создавање на ново мислење. Освен еугеничката акција, биле воведени и посебни акции за отстранување на носителите на лоши и штетни наследни карактеристики или малформации. Со нив биле заразени и испратени на посебна нега (опремени биле и посебни институции, каде од тушевите било испуштано гас) политички опасни поединци, расно и економски непожелни и неупотребливи. Во сите активности на безболно умирање, освен режимот на државниот апарат, учествувале и лекари и психијатри, и покрај Хипократовата заклетва: не прави никакво зло! Ужасите направени под маската на еутаназијата, во името на сочувството и хуманоста, многу брзо паднаа во заборав. По војната, се појавуваат и обновуваат општествата и движењата за право на милосрдно убиството.
Во денешното современо општество, кое е потрошувачко општество на секојдневните задоволства, смртта ретко се споменува. Сепак, почитувањето на правото на живот, вклучува и бара почитување на правото за умирање. Така и почитувањето на човековото достоинство во животот вклучува и бара почитување на тоа достоинство во умирањето. Според христијанската концепција на човекот, човечкиот животот во сите фази го задржува неговото достоинство. Врз основа на истражувања и евалуација на животот, смртта и достоинството, дојдено е до заклучок дека еутаназијата, уништувањето на животот како спас за достоинството на човекот, е неприфатливо решение.