Во 1999-тата година, радиологот Никола Стрикленд била на одмор на Карибите, на островот Тобаго, тропски рај со идилични и напуштени плажи. На своето прво утро, таа заминала во потрага по школки и корали во белиот песок, но наместо тоа, помеѓу кокосите и мангото расфрлано на плажата, таа и нејзиниот пријател нашле некое зелено овошје со сладок мирис кое изгледало како мало јаболко. Непромислено, и двајцата гризнале од овошјето и за момент пријатниот, сладок вкус се претворил во луто чувство на печење и ужасно стегање во грлото што постепено станало толку лошо што едвај можеле да голтаат.
Овој плод припаѓал на видот „Hippomane mancinella“ и е застапен во тропските делови во јужниот дел на Северна Америка, како и во Централна Америка, Карибите и делови од северниот дел на Јужна Америка.
Ова растение на шпански е наречено „arbol de la muerte“ што буквално значи „дрво на смртта“. Според Гинисовата книга на рекорди, ова дрво е всушност едно од најопасните во светот. Како што е објаснето од Институтот за храна и земјоделски науки во Флорида, сите делови од него се екстремно отровни и секоја „интеракција со него и ингестија на кој било дел од ова дрво може да биде смртоносна“.
Ова растение припаѓа на големиот и разновиден род „Euphorbia“, кој исто така ја содржи и декоративната „Божиќна ѕвезда“. Дрвото произведува густа, млечна течност која истекува од се – кората, листовите, па дури и плодот, и може да предизвика сериозни плускавци како изгореници доколку дојде во контакт со кожата.
Оваа течност содржи голем број на токсини, но се смета дека најсериозните реакции доаѓаат од форболот, органско соединение кое припаѓа на семејството на дитерпени. Бидејќи форболот е високо растворлив со вода, не би сакале ни да стоите под ова дрво кога врне дожд, бидејќи капките може да носат разредена течност која се’ уште може сериозно да ни ја изгори кожата.
Поради овие ужасни својства, во некои делови од природниот опсег на дрвото тие се обележани со црвен крст, црвен круг или дури и знаци за предупредување. Тие можат да се отстранат целосно, меѓутоа сепак играат значајна улога во локалниот екосистем – бидејќи растат во густи грмушки и обезбедуваат одлична заштита од ветерот и крајбрежната ерозија на плажите во Централна Америка.
Постојат извештаи за тешки случаи на воспаление на очите, па дури и привремено слепило предизвикано од чадот од горењето на ова дрво, а да не ги споменуваме ефектите доколку се вдиши. Сепак, карипските столари го користат ова дрво за правење на мебел со векови, откако внимателно ќе го исечат и исушат на сонце за да се неутрализира отровната течност.
Вистинската смртна закана доаѓа од јадењето на нивниот мал тркалезен плод. Внесувањето на овошјето во организмот може да биде фатално кога тешката дијареа и повраќање ќе го дехидрираат организмот до точка од која нема враќање.
За среќа, Стрикленд и нејзиниот пријател преживеале, бидејќи тие изеле само еден мал ден од „јаболкото на смртта“. Во 2000–та година, Стрикленд ја објавила својата приказна во „The British Medical Journal“ опишувајќи ги во детали нејзините симптоми.
Биле потребни 8 часа за нивната болка полека да стивнува, како што внимателно пиеле пинаколада и млеко. Токсинот потоа продолжил во лимфните јазли на вратот, предизвикувајќи дополнителна агонија. „Нашето искуство беше застрашувачко“ – изјавува таа.