Ако сликата подолу предизвикува да се чувствувате по малку непријатно или ве ужаснува, вие веројатно доживувате некаков степен на трипофобија – односно страв од мноштво од мали дупки. Иако, во најголем број случаи ваквите дупки не претставуваат реална опасност по животот, се проценува дека 15 проценти од луѓето во светот страдаат од ваков ирационален страв.
Но, трипофобијата дури не е вистинска, медицински признаена фобија. Зошто тогаш некои луѓе доживуваат страв кога гледаат во збир на мали дупки?
Како што се објаснува во видеото на „SciShow“, трипофобијата сѐ уште не е признаена како вистинска фобија, бидејќи таа од неодамна е присутна во јавната свест.
Бидејќи ова се одвива во последните две децении, двајца научници од Универзитетот Есекс во Велика Британија решиле дефинитивно да утврдат дали овој ирационален страв има некаква психолошка основа.
Откако на учесниците им покажале поголем број од обични слики, а потоа слики за кои е познато дека предизвикуваат одвратност кај луѓето, истражувачите откриле дека сите слики што изнудиле најголем негативен одговор во основа имале иста математичка структура.
„Имено, тие содржеле голем број мали многу контрастни детали, како пруги, точки или дупчиња, кои биле поделени во еднакво оддалечени шеми“ – вели Мајкл во видеото.
„На пример, во лотосовата мешунка има голем контраст помеѓу црните дупчиња и светлата површина, а дупчињата се распоредени доволно рамномерно за да се истакнат овие детали, со што се создаваат делови што се повторуваат од коишто очигледно на некои луѓе им се лоши“.
Истражувачите сметаат дека овие шари се поврзуваат со работите што ги гледаме кај отровните животни – како што е октоподот со сини кругови и некои пајаци и змии, а тоа поттикнува нешто во нашата потсвест што ни вели дека можеби гледаме во работи што се опасни или загрозувачки.
Друга можност е мноштвото од мали дупчиња потсвесно да не потсетува на инфективни заболувања или состојби на кожата, како осипи – работи кои дефинитивно сакаме да ги избегнеме.
Но, уште едно можно објаснување за порастот на трипофобијата во последно време би можело да биде тоа дека се работи за „емоционална зараза“, што значи дека можеби сте немале трипофобија сѐ до пред пет минути, кога почнавте да ја читате оваа статија.
Како функционира ова, објаснува Мајкл во видеото.